За поттикнување раст на коса, витамини и пилинг правење пред миењето, за перутот и мрсната коса пробај некој од овие шампони Првиот е одличен за мрсна коса, го имам користено. Вториот е за против првут
Маската од колекцијата до банана мене не ми се свиѓаше. Ми ја дуваше косата многу. А на лореал цела линија Dream long им е добра. Што и да земеш нема да згрешиш. Посебно маската и кремата. @koritsaki шампонот од кавијар го имаш користено на Белина?
Да, ама уште немам некое целосно мислење зошто само два пати го имам користено ќе пишам мислење кога ќе го пробам повеќе пати
Мене ми се убави шампоните и од двата бренда, погодено ми е сѐ што сум користела досега. Овој конкретно го немам користено, мислам дека @koritsaki има искуство.
@swwetyyy супер се шампоните, Уртекрам мене повеќе ми се допаѓаат како бренд, тој со рузмарин го имам пробано, супер е. Само ако ти е подолга косата маска обавезно ќе си земеш зошто се плетка косата од органскиве шампони.
Некој да ги користел шампониве да пише како е задоволен: Океј се за сува коса? Нејќам да ми даде волумен и нејќам да ми ја сплеска, сакам само да ми ја измие убаво.
Се мислам меѓу тој од рузмарин , расул и тој од зелен чај , сакам за зајакнување, за чистење на скалпот и за масна коса.
И тој од расул го имам пробано. За мрсна коса пробај го од рузмарин. Мислам ќе ти се допадне. И од Конопка има со рузмарин и тој сум го пробала, добар е
Досега сите што го имам користено, денес ја мијам косата , утре дента е добра , но веќе следниот ден е масна , со тој од рузмарин ќе издржи ли барем три дена откако ќе ја измијам да не се измасти, оти ич не сакам да ја стегам во реп. Од кој беше позадоволна од расул или тој од рузмарин ?
Сега ми текна , можеш да го пробаш и овој шампон на Lush https://www.lush.com.mk/Jumping-Juniper-Цврст-шампон Го користев пред 3-4 год кога имав мн мрсна коса, многу ми помагаше. Ама пак ќе кажам , маска или регенератор на врвовите ќе нанесуваш да можеш да ја расчешлаш косата. Вториот ден можеш и сув шампон да користиш да ја "спасиш" уште еден ден косата . Јас два пати неделно мијам коса, мене никој од овие не ми ја мастеше косата дополнително
Мислиш и на тие од УРТЕКРАМ ме ти ја мастерс дополнително? За шампон ќе земам некој од овие три од УРТЕКРАМ или рузмарин , расул или тој од зелен чај , а регенератор бендисав еден од органик шоп со алги , и исто еден пилинг за скалп што ми кажа да правам за дополнително да се прочисти скалпот, но сега читам дека ако наеднаш од вештачка се премине на природна козметика као на почеток може да се влоши состојбата, а веќе не сакам да користам вештачки шампони , иако веќе повеќе време го користам на алкалоид тој од коприва најобичен , и косили бебешки , но сепак пак ми е масна косата за два дена и затоа сакам сега од овие да користам целосно природни па да не ми се влоши многу ситуацијата?
Јас го имам тој со кокос на Балеа, не е лош. Многу убав сјај дава на косата и убав мирис има, не се плетка после миење. Претежно за децава го користам, ама и јас ставив еднаш два пати. Иначе имам масна коса, не ми се мастеше нешто брзо. За сува може да е добар, дава хидратација. @swwetyyy тој од зелен чај и расул глина ги имам користено, не ми се мастеше брзо косата, особено после тој од расул глина. Исто и предлогот за jumping juniper од Лаш е добар, и тој шампон е супер за масна коса, само помалце да ставаш, да не ти го суши скалпот.
Па не би требало јас бев задоволна, не ми ја мастеше дополнително. Се е ризик додека не пробаш некој производ.Јас кога се префрлав од обичните шампони во природни, немав проблеми никакви, туку, јас би ти рекла толку да не се ограничуваш прородни неприродни, туку да гледаш да ти одговара. Имам пробано и др природни органски што ми ја правеше катастрофа косата. Само да знаеш дека природниве не пенат толку јако што пенат останатите шампони. Земи го помалото пакување, па ако ти се погоди наредно можеш поголемото да го земеш