Го имам користено, ама подобар за мрсна коса ми беше машкиот. Јас го имам користено во зелена амбалажа, сега друг ми излегува кога пребарував, можеби е смената амбалажата. Исто така добар е и тврдиот шампон со мандарина. Поскап е ама мнооогу долго трае. Само јас би го користела наизменично со друг шампон зошто многу ја суши косата.
Овој многу го фалеа, кај мене катастрофа, косата како немиена, општо мене сите шампони овие ми беа крш и веќе не посегнувам по нив. Ама зависи и од косата и скалпот, не се скапи па пробај може ќе ти одговара
Дури сега го читам мислењево више го земав тој што го пратив, еднаш го имам пробано сега за сега е ок, сепак фала ти за препораките
Предлог добар шампон за волумен? За права и тенка коса која се мрси секој ден и спласнува 1 час по миењето.
Плус ако се сушиш со фен, ќе ја сушиш косата со наведната глава ако не си го пробала ова, пробај јас кога имсв долга коса секогаш така се сушев
Јас го земав од ДМ минатата недела беше намален. Мене ми одговара засега, косата ја прави мека, но не ја сплавнува што мене ми одговара затоа што имам тенко влакно. Дава убав сјај на косата, а после миењето косата мириса на убаво, свежо и чисто.
Го купив, едвај чекам да го пробам и да споделам искуство. Инаку секогаш од мала си ја сушам косата надолу ама тоа дава само моментален ефект.
Во кои продавници го има не сум од Скопје немаме cosmo tinex и belina. Го има ли во зегин, Дм? Дали може да се порача?
https://www.bellina.mk/p/524/volume...n-za-site-tipovi-na-kosa-500-ml?categories=36 Можеш од тука да го порачаш
Препорака за шампон за тенко влакно? Користам маска на гарниер од банана, па нешто што ќе се искомбинира добро. Косата ми е добра само првиот ден откако ќе ја измијам, после ми се дели на парчиња и брзо се мрси