Предлог шампон и маска за коса за плава фарбана коса? Правена ми е со прелив, па сакам што подолго да се задржи сивиот сјај.
Некои влакна ми се "тенко-дебело-тенко" како диви вланка јас би ги нарекла.. распукани врвови немам, често ја шишам косата, ама би сакала да ја регенерирам. Предлог шампон? Низ темава најфалени се Конопка, се мислам нешто такво да земам..
Јас имам таков тип на влакно. Најомилени шампони ми се на Натура сиберика сивиот за волумен и светло-виолетовиот, скроз иста амбалажа се.
Сте користеле ли Олаплекс шампон и маска? И кои? Сакам да земам, но немам искуство и не знам кои. Косата ми е бланширана, руса. @koritsaki имаш искуство ти?
Олаплекс немам користено, јас на Керастас користам производи има поделени мислења за Олаплекс. Мене Керастас ми одговараат, blond absolu и resistance bain therapiste 3/4
Ги најдов овде и Керастас, скапи се и двата бренда и затоа се мислам кој, а морам веќе ако сакам убава и средена коса. Јас имам сува до нормална коса. Пре би рекла сува и сега плус бланш. Знам дека си задоволна од Керастас, мислев да немаш и Олаплекс пробано.
.Овие три се наменети за плава коса, може наредно да пробам нешто од нив. Керастас маската таа лилјаковата ми е многу погодена, и ја оддржува бојата и ептен ја хидрира косата.
Тоа првото кога се користи и што е? Знам за маската, ако зимам сакам иста линија производи. Не ми е јасно само дали овој шампон го ставам на секое миење оти е виолетов ко што гледам.
Еве скриншот од една наша инфлуенсерка , баш ја фали , инаку е нешто ко маска за коса, не знам дали може да се користи само овој производ без да се стави повторно маска. Јас не би ги земала шампонот виолетов, со сите вакви шампони ептен ми се суши косата. И фризеркава ме советуваше маска виолетова дека е подобро да се користи и среќа ја послушав. Јас еднаш неделно користам силвер маска
Вториот го имам користено. Онака за второ миење на коса кога веќе е чиста косата е океј, но ништо посебно не ми беше. Нежно мирисаше, не дава некој волумен. Не го прекупив пак.
Дали некој го користел шампонот Romantic од стокомак (не знам дали го има на друго место)? Некој ја фалеше маската, ама ме интересира и шампонот
Решив да ја земам маската на Керастас лилјаковата и Olaplex N3 hair protector третманот. Сега се мислам за шампонот, дали да го земам лилјаковиот исто од Керастас, дали од Olaplex? Колку улога има шампонот? Или побитна е маската? @koritsaki ќе те тагнам уште еднаш, вреде да се дава пари за шампонот? Дали ќе има ефект без него, на пример да си го користам Лореал црвениот или на Ревлон црвениот? И дали покрај лилјаковата ми треба и друга маска плус? Оти нели таа еднаш неделно, а јас ја мијам и до два пати неделно косата. Инаку зедов за проба Керастас Резистенс мислам беше, зелената маска, и има разлика од прво ставање. Косата не ми е дива, ја испеглав и си легна одма. Таков ефект јас ретко добивам.
@JuLleE Штом ќе земеш маска лилјакова , нема да ти треба и таков шампон. Маската ем е лилјакова ем хидрира, а шампоните ептен ја сушат косата. Да, покрај таква маска, ќе ти треба и друга. 1/2 или 3/4 ја проба од resistance? Јас од таа линија 3/4 го имав шампонот, немам зборови каква хидратација даваше. Мило ми е што ти се допаднала