Без конкуренција најдоброто нешто за оштетена коса ( само за пример ставив бланш два пати во рок од еден месец и плус боја, значиии хаос ) и единствено овој шампон ми ја среди да личи на нешто:
Може препорака за шампон за виткана коса а ретка не ми е баш густа како за виткана... До сега го користев на Алверде ама веќе ми е како сплескана одма за еден ден.
Јас го користам 3ката од време на време добар е. Само што не се користи така како што е напишано туку се користи на чиста коса просушена со пешкир. а за уште појако дејство на било која маска/ третман се прави комбинација со бр 0 он ти е како база
Јас ги земав денес 3ката 6ката и 7мицата , значи 3ката се нанесува на веќе измиена коса со шампон еднаш па кога ќе треба да се измијам пак, пак користам нормално шампон и маска?
Да ти кажам, вчера ги пробав трите производи заедно (3, 6, 7 ) и како за прв пат се воодушевив. 3ката ја држев 45 мин и кога ја измив косата пред да ставам шампон, беше препре мека. На крај кога ја исушив мешајќи ги 6 и 7 косата беше сјајна, мека, буквално ко од салон да сум излегла. Ќе пишам понатаму второ мислење ама баш ми се допаднаа Мило ми е за маската на Керастас , таа засекогаш ќе ја купувам
Го користи некој шампонов? Маската од линијава ептен беше фалена на форумов, па дали и шампонот е добар.
Го користев јас. Не ми беше ништо посебно. Инаку, ха користам доста време мадката од оваа линија и некако ми се презасити косата од неа. Сега барам нова. Препорака некоја? Имам мрсен скалп, но суви врвови и тешко се расчешлува.
истиот проблем и никако да најдам трајно решение. Во моментов го користам овој Беше совршен ама после второ по ред шише исто ми се засити косата и повеќе ми се плетка
Здраво, јас имам многу сува коса, нон-стоп сум со првут. Многу шампони имам пробано но немаат некој конкретен резултат. Или ми се исушува уште повеќе или само малку се намалува првутот. Сакам да ми препорачате шампони што ја хидрираат косата.
Значи веќе 2 недели имам проблем со косава, ја мијам и кога ќе ја исушам како бетер од немиена е, го користам шампонов неколку месеци и на крај памет не ми беше дека можно е поради презаситеност да ми е таква косата. Денес се измив со друг шампон, косава живна, и баш дојдов на темава да пишам дали има некој слично искуство со шампонов.
Мене ми помогна многу шампонот од коприва од Илирија во комбинација со рицинусово масло и масажа на скалп.
да, кај мене така беше. Ако ј измијам два пати со истиот за нигде ми е сега. Првото миење со обичен од коприва мијам а второто со овој. Така бива некако. Здравје ко ќе го потрошам (а при крај ми е) обавезно ќе го сменам