Да го користам, сосема ок е, си пени убаво, голема амбалажа, не ми се мрси брзо стварно е ок само обавезно ставам маска, подобар ми е од афродита големите шампони ако нешто ти значи
Ги имам од козјо, против првут (зелен) и тој за нормална коса (црвен мислам беше). Првите неколку миења си реков ок е, ама на долг рок никаков ефект немаа на косата, ни мека, ни сјајна, ни волумен, ништо. Косата ми беше уба неколку часа, после смачкана. Црвениот и козјо мирисаат преубо! Од козјо мислам дека имаш користено други работи. Го купив пак и како арома терапија го користам, кога сакам да ме расположи и за посебна прилика. Заклучок, обожавам сè од Ziaja, но шампоните ми се најдолу на листата. Маската од козјо е предобра, само малечка е и брзо ми се троши.
За тој од козјо млеко баш се мислев, добро што не сум го земала. Да, гелот за туширање ми е врв и мирисот е преубав, затоа се мислев да земам и шампон од истата колекција, но чим не го бива подобро да не го ни пробувам ич.
Здраво женски, до сега сум пробала милион шампони и регенератори за коса. Имам природна кафена коса до сега не сум ја фарбала, освен преса, фен и шампон ништо повеќе не осетила . Мајов имам матура па сакам да имам убава сјајна здрава коса, ве молам препорачајте ми шампон и регенератор за коса
Не фрлај пари многу се лоши ко со течен сапун да си измила коса. Лосионите за тело и геловите за туширање стварно се многу убави ама шампоните се тотална утка.
Цел живот мака мачам со мрсна коса и нема што немам пробано од шампони. Дојдов до заклучок дека бебешките шампони особено тие на Џонсонс ми помагаат да ја одржам до 2 дена чиста но проблем е тоа што врвовите ми ги прави доста суви и покрај тоа што користам маски, масла, серуми.. Ептен ја суши косата. На Dove прозирните шампони се супер, со нив немам таков проблем и си ги користам наизменично. За масна кожа ти го препорачувам овој гел за туширање од Натура Сиберика. Ми помогна доста кога имав акни на грбот, нежен е.
Си купив нов регенератор да го испробам и ќе ви споделам искуство 149 ден е на Балеа Повеќе е за виткана коса ама мојава е не дефинирана затоа ќе ми одговара иако ми завлече очи макадемијава внатре
Сакам да прашам дали некоја до сега ома користено два шампони истовремено? Јас користам шампон за фарбана коса но гледам првут ми се има појавено, па сакам да купам и шампон против првут, но не знам дали би било во ред да ги користам истовремено (пр. ја мијам косата прво со едниот па после со другиот шампон). Некој да има користено вака, имале ли ефект?
Нормална работа, нема зошто да се мислиш. Можеш дури и со еден да го миеш скалпот, а по должината на косата да се миеш со друг. Нема да имаш никаков проблем.
Препорака за регенератор од Kerastase, за фарбана коса, хемиски третирана, со мрсен корен и суви врвови? Ги гледам и на Лореал и на Керастасе ама кај нас не верувам дека имаат тестери, па затоа тешко ми е да се одлучам бидејќи не се баш ефтини.