Еден од овие два има фризерски салони што работат со Керастас производите, па ако во Еликсир немаат прашај ги нив
Ти благодарам. И јас се мислев за првиот. Не сум од Скопје, па не ми се оди по салони само за тестери, планирав да го нарачам онлине од Еликсир. Овој вториот како да не го видов на страната.
За многу сува коса еден од овие два Вториот го имав користено пред две години кога ми беше ептен сува косата. Одличен е.
Не се 100мл како олаплекс туку како стандарден шампон 250мл од тој во зеленото пскување потребно е малку да се нанесува зошто е доста концентриран
Искрено се мислев и на крај малку прогуглав и начекав добар попуст на Olaplex шампонот од 250мл за 23€ и го порачав. Се надевам дека ќе ми ја среди затоа што ми е многу сува како метла. Не ми беше ваква не знам што е работата.
Вчера за прв пат се измив и се изненадив од резултатот, колку ми беше сува на допир и кога ќе ја измиев не можев да ја исчешлам, а сега е мека и нежна, расчешлувањето е многуу полесно. Вреди шампонов дефинитивно.
Јас го имам користено. Мене ми беше добар, а инаку имам мрсна коса, ама не ми ја мрсеше повеќе од вообичаено. Нежен е и убав мирис има.