3ката (терапијата) , 6ката (нешто како leavein conditioner ) и 7мицата (маслото ) ги земав. Ми се допаѓаат производите особено 6ката и 7мицата ја оставаат косата ПРЕмека, штитат од топлина, ама на веќе оштетена, расцветана коса немој да очекувате некаков резултат особено добри се производиве за сува, бланширана, хемиски третирана коса. По малку се става од нив иако се мала мл. @buba4e89 го користи шампонот наредно тој би го земала
Може некој да ми препорача шампон,маска незнам било што за мрсна коса.Многу ми се мрси косата два дена и одма мислиш ке ми капне зејтин.Ми се смачи веќе од миење.Затоа помош
Презадоволна сум од шампонот, косата лесно се расчешлува, мека е само шампонот е сув кога се нанесува треба да се нанесе на неисцедена коса за убаво да се распени шампонот. Имам сува коса инаку, многу убаво ја штити и мека е, многу е нежна. Имам сјај и најважно еднаш неделно ја мијам што значи помалку ми се мрси. Мислам дека нема да го сменам.
Светло розевиот Витамино Колор, за фарбана, третирана коса, а цикламата Про Лонгер, за долга тенка коса која лесно се оштетува така нешто. )
Дали некој ги има пробано Maui шампоните? Ги има во ДМ.. Многу се популарни и фалени насекаде ама има и доста контраверзија дека предизвикувале опаѓање на косата (наводно брендот го судат за употреба на такви состојки)
Ме заинтересиравте за овие Керастас, дека ги пофаливте. Ама многу скапи бе луѓе... секое миење би добивала мини срцев удар денарчиња ќе паѓаат во одводот секое миење, хаха.
Мене ревалид повеќе ми се свиѓаат од керастаз. Не дека имам пробано се, а и секако зависи од косата. Јас ги користам тие за сува коса, предобри ми се и со поприфатливи цени
Мене ништо посебно не ми беa. Маската ужас. Од нервоза што лупнав пари ставав повеќе да ги потрошам побрзо да не ги гледам Косата уште посува ми ја правеа
Јас го имам пробано тој со бамбус или што и да беше, не ми се допаѓаше воопшто, како слама косата и ми ја плеткаше. Не би купила повторно. Јас имам пробано неколку вида нивни шампони и ниту еден не ме воодушевил со оглед на високата цена. Верувам дека има и поевтини и подобри шампони. Не се лоши, ама за таа цена се “мех”.
Јас од тука си ги нарачвам, во зегин цел град превртив никако регенераторот не можев да го најдам https://viafarm.mk/m/163/revalid Не знам дали е уште така али над 1000 денари е бесплатна доставата
@jacqueline.s да скапи се Керастас, треба да си ја погодиш линијата која што ти одговара. Јас бидејќи имам бланширана коса ги користам по хидратантните шампони, на пр од овој сум премногу задоволна кога се работи за хидратација
Дечки може некој да ми препорача регенератор за сува и оштетена коса, плус летово ми се оштети многу од сонцето
Јас го користам овој. Лесно се чешла косата бонус убав мирис. Мене врвовите брзо ми цветаат Би ти препорачала да ги скратиш сувите краеви, па да земеш хидратантни производи како превентива од сушење и оштетување. Хидратантен регенератор, маска, капки и слично.
Фала ти ке го купам регенераторов да пробам, а денес купив шампон Syoss repair, па може и тоа ќе помогне да пробам Само ако можеш да ми кажеш од каде го купуваш