Абе да бидам искрена мислам дека сега со интернетов и со толку многу beauty инфлуенсери не преплашија од сулфатите. Од се што имам истражувано, не е дека не се воопшто штетни, ама како и се друго во животот некогаш се потребни хемикалии за длабински да ја исчистат косата. Најдобар баланс би било барем 2-4 пати месечно да се мие коса со шампон за длабинско чистење ( кои содржат парабени и сулфати ) за да може да тргне и одмие се што е наталожено од продукти што ги ставаме помеќу две миења, а во меќувреме да се користи поблаг шампон кој не ги содржи овие хемикалии.
Па така и правам, не ми се скроз исклучени туку минимизирани. Одамна не се замарам со интернетот и со се што се актуелизира во моментов. Со инфлуенсери уште помалку пак, заморни ми се и не сум во тек, не ни имам поим кој зборел тоа и што треба да хејтаме сега од состојки, брендови и слично. Само си ги следам своите потреби увидени преку проба-грешка и гледам што ми е добро а што не. Бар за себе си имам приметено дека шампон со слс навистина не ми одговара да го користам пречесто. 4-5 пати месечно би било хорор, до толку е. Одма ми реагира скалпот ако во континуитет едно по друго или ако секое трето миење (тоа кај мене би значело секоја недела по еднаш) ми биде со таков шампон и тоа е тоа. Си имам шампон што ми е добар за почеста употреба и еден за подлабинско миење кој улетува по потреба. Така терам веќе неколку години, откако увидов дека токму тоа ми ја тригернува себорејата и немам намера да сменам додека ми одговара. Не се плашам јас од сулфати или парабени или што и да е, иритантна ми е мене паниката што се крева за некои работи. Само ете, си одбирам тоа што ми одговара и си терам според свои некои потреби и тоа е тоа.
Знам дека во друга тема те прашав и ги спомена два од алверде што ги менуваш наизменично без сулфати. Кој друг за длабинско чистење го вметнуваш? Што точно користиш да си го решиш проблемот? Маски спрејчиња и ск. Затоа што истиот проблем го имам и јас Со тоа што додади плус тенка коса која лесно се мрси. Некогаш едвај сврзувам два дена, 90% од времето косата ја мијам секој ден
За длабинско чистење, во моментов го користам Афродита со лук. Без силикони е. Во принцип, ако косата има тенденција да се мрси, треба да се внимава на составот на продуктите и да се избегнува нанесување продукти со силикони на самиот корен. Продукти со силикони можеш да ставаш за нега и одржување на врвовите, затоа што сепак се добри за заштита од сушење и сл. Премногу агресивни шампони исто пожелно е да не се користат пречесто. За почеток ти треба само еден благ шампон погоден за често миење и еден за длабинско, ама колку често би ти требал тој шампон за длабинско чистење ќе треба да си одредиш сама. Пробај да истражиш малку повеќе за PEH balance на косата, затоа што „нус-појавите“ на темето и косата ако не се тригернати од нешто хормонско или автоимуно, најчесто се недостаток на нешто во негата, а тоа навистина е индивидуално. Направи си ретроспектива на тоа што си користела и анализирај си каква била косата по миење. Според тоа и си носиш заклучок што всушност ѝ треба на твојата коса. Па потоа одбери почетни продукти. И пак водејќи се според потребите и реакциите на косата, ќе научиш како да ги ротираш препаратите за коса.
Некој дали го користел производите на trust my sister? За маскава и шампонот и серумов за,скалп ме интересира
@koritsaki пред неколку месеци си пишувала за Olaplex, планирам да ги нарачам N4, N5,N7 и N9, во моментов користам на Kerastase шампон и маска, Ок се, посебно маската ми се допаѓа ама сакав да сменам. Мислење ?
@sagittarius57 Од овие што ги наброја, n7 - маслото го имам и го користам со n6 заедно по миењето , а n3 исто го имам и го користам како терапија на мокра коса. Јас сум презадоволна од се,по малку се става од сите производи и не се трошат брзо особено ако имаш пократка коса. Ама сум задоволна зошто имам плава бланширана коса и има навистина сјај и изгледа здраво
Имате ли да предложите шампон и регенератор за коса со ниска порозност. И стално фризерот ми спомнува дека ми е сува косата. Со оглед на тоа што е со ниска порозност, ќе требаат продукти кои ќе ја хидрираат, ама уште не знам кај нас кои ги има. Тоа што барав по интернет, кај нас го нема, а и сакам рутина со некоја нормална цена. Еден период користев гарниер шампон од алое вера и тогаш косата ми имаше и волумен и сјај и здраво изгледаше. Некоја феминка со слично искуство? Барав на срч де на форумов, ама под порозност клучно зборче има само едно мислење.
Знам дека на https://yeppeuda.mk/ имаат маски, шампони и серуми за различна порозност, можеш таму да ѕирнеш
Ги знам тие, само не ми се даваат толку пари за маска и шампон за коса. Барав нешто по прикладно за џебов, затоа и прашав, може некоја феминка е поупатена и веќе има „пронајдено“ производи кои најдобро функционираат за коса со ниска порозност.
За од Elseve Bond repair е ова така? Каде може да се најде? Баш во темава влегов само да прашам дали ја има во Мк хаха.
Значи да кажам за Loreal Bond Repair за тие шо ги интерисира. Многу сум задоволна, посебно од серумот, совршенство е за мојата сува коса, многу помека ми ја направи, се чешла без проблем, не ми се веруваше кога видов дека косата ми лизга низ чешелот. Ги користам шампонот и серумот, а сега одам и регенераторот да го купам. И секогаш овие ќе ги користам. Едно големо ДА од мене
Се вратив само да кажам дека 4ти ден откако ја измив косата со Bond Repair и нема ни најмал знак од сувост, баш напротив. Дури и краевите ми се хидрирани и уште е свилена на допир. Сега гледав дека оваа линија ја споредуваат со Olaplex, јас го неам тој користено ама овој лореалот за поефтини пари чуда напраи од мојата коса. А и не гледам толку испопаѓани влакна низ дома.