Да го најдов и тоа. Ќе земам цела колекција. После одмор сигурно, сега патувам за Македонија за кратко и не знам дали ќе ми стигнат на време.
https://argan369.mk/proizvodi/argan-oil-shampon-za-nega-na-kosa-300-ml/?sponsor=MTI1Nzg= Без парабени и сулфати
Тие што имате бујни, но и прави коси што користите? Имам права, бујна коса, но некако ми е нескротлива и често ми се мрси, а и некако како експериментирам да погодам шампон и првут забележувам... Не знам повеќе што да земам, сите ми се за фарбана, за оштетена, за ретка, никако да погодам. Не ми е ни фарбана, ни нешто претерано оштетена, освен некогаш пегла ништо не користам и се трудам да ја одржувам ама џабе не сум задоволна.
Овој од Алверде го имам користено, мене ми одговараше и ми се допадна ефектот зашто косата не ја осеќав сува и не ми чкрипеше под прсти. Меѓутоа во врска со задржувањето на бојата, не знам, можеби има врска и за каква боја станува збор. Мое мислење е дека самиот шампон нема да смени многу, можеби треба да видиш некоја од тие прелив маските на hairshop. Ако има нешто слично со твојата боја, тогаш тоа би била подобра опција.
Од Лавера имаше убав шампон, јас бев црвенокоса кога го користев, после секое миење сo други шампони крпата беше црвена, со овој не.
Малку ми беше тежок мене, не ми се допадна баш. Ако мора да е Гарние шампонот, пробај го тој новиот со активен јаглен, црно е шишето. Тој ептен ми се допадна. А ако сакаш некој против опаѓање, тогаш дефинитивно Алверде со кофеин и бибер. Одличен е.