Не знам на кој точно мислиш, ама сите се испод 200 ден. (250мл.) Реконазолот е околу 160ден., не ја мекнее косата, ама за првут е прва класа.
Сакам да прашам...? Дечки, сте ги забележале ли едни нови шампони во Веро, со пумпа 600мл околу 217 ден. пред некој ден ги донеле, пишуваше професионални шампони, имаше за повеќе типови, мислам дека се германски? Дали некој го знае името на шампониве, барам низ нет , не можам да ги најдам... Сакам да ги разгледам.
Го користев Dove Intensive repair го испофалив овде и стварно е за фалење! После одмор косата ми ја направи свила, а ми беше ептен сува! Амааа после два месеци редовна употреба почна да ми ја мрси па решив да направам пауза од него. Сега го користам пак Elseve Total repair 5 и не се жалам класика си е шампонов, само што паковањето е друго, потечен е и побела боја има. Претходните кога ги купував беа сосема различни, битно резултатите си се идентични. Е сега искрено, да го дотрошам и се префрлам на некој од овие поприродниве шампони, бреза, коприва, камилица. Кога ќе размислам бабиве наши со таков се миеле, па ни им паѓала коса ни првут имале. Денешниве шампони се преполни со триста хемикалии, што се вика повеќе штетат него што помагаат. Сигурно многу ќе ми ја плеткаат косата, нити ќе мириса убаво, ама златна маска или регенератор. Моментално го користам одличен е. Не го менувам сега за сега.
Трендафилке да не се овие ? Мене ми беа овие многу привлечни,ама кај ќе го дотрошам јас 750 мл Инаку,јас си купив Wash'n'Go камилица,не знам сега убав ми е,многу ми е лесна косата за обликување а и има добиено сјај. Ќе видиме понатаму
Го користам овој шампон воедно и балсам, и навистина сум презадоволна. Ефтин е, значи не е се во скапите работи
Јас шампоните ги менувам ептен често, ми се заситува косава од користење еден подолг период. Kористев Фитовал за оштетена коса до пред недела, ама сега почнав од Рецепт против опаѓање.Од овој шампон многу побрзо ми расте косава, ама па ми ја суши .. затоа менувам. A регенератор користам: ама тој што е за фарбана и добар е. И убаво мириса.
Мислам дека знам сега за кои зборуваш,по втор пат Да не се? Прееска ги видов во Космо,баш ме заинтересираа,ако ги има некој користено нека пише тука какви биле
^ Тие се. Ама во Веро сите ги расџапале, останале само за сува и оштетена и за фарбана коса, со виолетово и зелено капаче. Јас сакав да ги погледнам сите. Девојки ги пробала некоја?
И јас баш се интересирав за оваа колекција, уште во јуни месец ги забележав во веро ама никако да се кандисам да ги купам .Најмногу ме заинтересира маската, мислам беше со жолто капаче и беше 310 денари. Ако ја пробал некој маската нека сподели впечатоци .
Девојки сакам да си купам некој поприроден шампон, мислам на овие бреза, коприва, камилица итн итн. Препорачајте ми од што и која фирма. Не барам за нешто конкретно чисто онака малце да ја одморам косата, мислам дека овие другиве шампони се преполни со хемикалии, некако ептен ми се презасити косата. Плус колку што знам се доста евтини, така да вреди да се проба! Благодарам
Го има некој користено Fitoval шампонот за сува и оштетена коса? Го видов во аптека, па се мислам дали да го купам...
значи девојки мое мислење дека поголема улога во мрсењето на косата има тоа колку често ја миете (затоа што повеќето имаат проблем со мрсна коса) едноставно издржете барем на два дена да ја миете косата. порано мојата коса мислам дека уште неисушена беше мрсна, сите можни варијанти ги пробав и почнав прво преку еден ден и така ги зголемував деновите и сега користам супер ефтини шампони фамилијарни и косата ја мијам на 3 или 4 дена моментално имам палмолајв розев
Само Лореал и Пантене признавам. Друго јок! И да додадам. За оние што користат и маска за коса, обавезно маската за коса и шампонот да ви се од иста фирма. Значи продуктите за коса да ви се од иста фирма. Посебен совет од мојата фризерка