Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шампон и регенератор

Дискусија во 'Коса' започната од A.srcuska, 7 април 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга не знам што да те советувам, во смисла јас сум поборник за козметика без силикони и би ти рекла да промениш сѐ, ама ете ако барем шампонот го промениш би била среќна. Нема да има голема разлика кај косата, ама кај скалпот можно е. Кој и шампон да одбереш на алверде нема да згрешиш.
     
    На en_na му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски

    Дали пишува за каква коса е шампонот? Јас имам сува и минтреба хидратација…
    Оддамна го пробав од кокос и не ми одговараше. Не можев ни малку пена да направам додека се миев и многу ми ја сушеше косата, а сакам да ги користам овие некое време за да заштедам пари.
     
  3. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Женски
    За сите видови на коса е шампонот,а регенераторот за масни корени и суви врвови.
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, ми треба препорака за добар шампон / регенератор за коса.

    Имам тенко, кршливо влакно, без волумен и доста брзо ми се масти косата. Исто така и ми паѓа често.
    Моментално за паѓање го користам шампонот на Olival и плус маслото, ама не гледам некое којзнае какво подобрување освен што мислам дека почна малце побрзо да ми расте.

    Иначе природно косата ми е виткана, ама не скроз, така негде на средина ни таму ни ваму повеќе накај виткана отколку накај права …

    Сакам да најдам некој шампон/регенератор што ќе ми даде сјај на косата, што ќе ми ја омекне, убаво да мириса, што нема да ми ја масти толку брзо, а во исто време и за паѓањето кога би одговарало би било супер.

    Никако не можам да најдам нешто што стварно ќе ми одговара :D Хелп
     
    Последна измена: 25 август 2024
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.089
    Пол:
    Женски

    Screenshot_20240825_082455_Chrome.jpg

    Screenshot_20240825_082427_Chrome.jpg

    Screenshot_20240825_082345_Chrome.jpg

    Предлози за шампон :) овие даваат волумен , а тој зеленкастиот плус помага за раст на косата. Можеш тестерче да земеш прво да пробаш од Big и Wasabi shan kui. Јас сите овие ги имам користено, моментално хо имам Big. Big мириса прекрасно. Исто и тој цврстиот.

    А за регенератор , овој

    Screenshot_20240825_082841_Chrome.jpg
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    На Алверде фамили го имам користено и многу е добар. Ако сакаш похранлив земи го овој со авокадо
    [​IMG]

    Јас би ти препорачала ова
    [​IMG]
    [​IMG]
    во комбинација со ова
    [​IMG]

    доколку опаѓањето е многу интензивно ова
    [​IMG]
    без разлика што е за мажи го пробав кога требаше да го рецензирам
     
    На MG3 и GirlVolley им се допаѓа ова.
  7. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Девојки знаете ли по локалниве фризерници кој шампон го користат? Стандард убав, свеж мирис има, знам дека на големо го купуваат ама ако знае некоја обично кој го користат пишете, ептен ми се допаѓа :)
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Reddist жолто пакување е 5 литарско
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.429
    @koritsaki имаш користено нешто од Moroccanoil? Барам шампон за изгорена шатирана коса, да се спасам од шишање оти ми ја изгоре фризерката.
    К18 секако ќе земам, ама што плус?
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.089
    Пол:
    Женски

    Да не те разочарам , за изгорена коса спас се ножиците :( може да се замаскира , ама дека ќе ја оправи некој од производиве, не.

    Имам користено од Moroccanoil маслото за тенка коса и тоа е ок за нега. Шампон и регенератор овие стрикно за волумен

    Screenshot_20240902_090513_Chrome.jpg

    Од регенераторот бев мн задоволна , убава хидратација даваше.

    Јас повеќе сум задоволна од Олаплекс 3ката (терапијата)и потоа пред сушење 6ката со 7цата маслото заедно помешани. Косата ми е сјајна и мека ептен по овие производи
    Јас и шампон и маска имам од Олаплекс
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.429
    Знам дека тоа е спасот, ама ќе треба скроз да ја шишам, кратко машка, оти имам краток боб. Сакам малку да ја пораснам, па после ќе шишам нормално.
    Има убава акција на Repair линијата, шампон, регенератор и масло.
    К18 секако зимам.

    Јас сум скептик за Олаплекс, а еве и сестра ми е задоволна.

    Многу се нервирам за косава, јас скратив оти оштетена и сега отидов со 90% моја коса и барав прамени само. Ама отидов кај третокласна фризерка и ако ми е.

    @koritsaki еве кој сет ми го дава мене
    IMG_9684.jpeg

    Или сама да си земам од ова што кажа?
     
    Последна измена од модератор: 2 септември 2024
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.089
    Пол:
    Женски
    @JuLleE

    Мене така слично ми се случи, јас дека ја бланширав на коренот прамените што веќе биле бланширани ги допираше со бланшот без да внимава и косата мастика ми стана. И морав да се шишам баш кратка машка фризура. Ама веќе не ја бланширам само ја фарбам и друго е , косата е помека, иако ставам 12% хидроген не е како што беше оштетена.

    Ти ако сакаш пробај ги Moroccanoil штом веќе има акција, можеш ете само терапијата 3ката од Олаплекс да ја земеш плус додатно ќе помогне. И секој месец крати ја да отиде оштетеното

    Од сетот што го постави на Олаплекс
    Шампонот го користев , погоден е за масна коса. Маската ја имам моментално и е супер. Регенераторот го немам пробано.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.429
    Го зедов овој сет за проба, плус пред сушење прскам од Ревлон црвениот спреј. Косата ми е препородена. Не се ни осеќа оштетеното ни пак се познава.

    Се мислам дали и да земам сега К18. Сепак ја користам тројката.
    Се мислев и Moroccanoil маслото да го земам за после пеглање, ама да не е премногу. Подобро е едно нешто да користам или? IMG_9867.jpeg
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.089
    Пол:
    Женски

    Со здравје да си ги користиш :)
    Јас к18 го немам користено а и не ни знам како се користи.
    Ако е за расчешлување пред сушење, можеш 6ката,да ја земеш.

    Маслото на Moroccanoil нешто не ме воодушеви, јас од Олаплекс ми е подобро. Јас ги мешам 6ката и 7мицата (маслото) и се сушам
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Предлог шампон и регенератор за густа, frizzy коса со масен скалп?
     
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    Предлог за шампон и/или регенератор за сува коса?
    Користев Алверде, ми беше добар, но од кога се исфарбав косата веќе не ми изгледа убаво, меко, средено како претходно. Едноставно ми изгледа суво, ненегувано.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    И јас се фарбам, а користам Алверде шампони (во моментов тој со киви) и косата не ми е сува и разлетана. Ставам само маска, Балеа winter protect кремот на влажна коса после капење (само на врвови) и неколку капки масло од пола коса надоле, но само откако ќе ја исушам косата со фен. Речиси сум убедена дека маслото е клучно, барем за мојата коса, затоа што и косата и кожата ми се такви, си сакаат масла и се гледа разлика кога не ставам.

    Од регенератори, види го овој од Гарние - delicate oat milk. Преубав е, косата станува мека и лесна за стилизирање.
    [​IMG]
     
    На simoncelicius и Luminary им се допаѓа ова.
  18. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :)
    Какво масло ставаш по сушење?
    И дали има и шампон од оваа линија на Гарниер?
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    Во моментов имам Ревокс масло од шипка, инаку можеш какво било - кокосово, авокадо, макадамија, арган...што ти фати око тоа. Дава убав сјај маслото и ја смирува разлетаноста. Плус, нема нешто што подобро негува врвови од масло, какво и да е.

    А од линијава на Гарние има и шампон. Не ми е пробан, но во план ми е да го земам. :)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KayaLena

    KayaLena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    730
    Моја препорака Loreal elseve extraordinary clay или hyaluron pure..
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.