mene kosata mi bese katastrofa,mnogu mi se zapletkuvase, koga se ceslav cinam pola kosa mi ispadnala, isprobav ni sama ne znam kolku samponi se dodeka ne stignav do gliss total repeair , sega ni regenerator ni maski nisto ne mi treba , lesno se cesla,ne se zapletkuva i preubavo mirisa i trae dolgo , i po edna nedela kosata seuste mirisa jas ne bi go smenila za nieden drug sampon, najubav mi e odvreme navreme stavam maska kallos keratin
Баш мислам овој шампон го исхејтаа погоре или во друга тема. Па ми беше страв да пишам колку сум јас уствари задоволна од него. Вајда зависи од коса до коса
Од секакви и скапи шампони и марки и чуда, испадна еден најобичен шампон од бреза поубав од сите. Зависи и од типот на коса ама мене шампонов од бреза ми е најсличен на оној horsetail црниот. Таква цврстина, такво здраво влакно, лесно расчешлување и повеќе ми стои неизмрсена. Одлично нешто. А за регенератор, моментално користам од Белина, со смоква, каков прекрасен мирис има ама штета што не се задржува мирисот на косата.
И мене ми е омилен овој прозирниот виолетов, другиот виолетов со густа бела формула што им е од истата колекција ужас ми е. Имам долга коса со тенко влакно, многу лесно ми се кини. На врвовите ми е сува во коренот масна, многу брзо ми се масти. Шампонов баш ми дава волумен во коренот и ми ја прави мазна на врвовите, воопшто не ми ја плетка што забележувам со многу шампони за масна коса од што ја сушат се заплеткува и ја прават како слама. Од овој не, го нористам заедно со маската, не ми ни паѓаат многу влакна што е чудо, кога ја мијам со другите додека да ја отплеткам цела рака коса ми се корни. Мазна лелеава како од салон Го имав и спрејот за коса од истата колекција ама од него не забележав никаква разлика кога ќе го ставев или не. И мирисот е неверојатно траен, го осеќам додека не ја искапам косата преубаво мириса. Само од време на време морам да користам прочистувачки шампон за да се исчисти косата од buildup-от и силиконите.
Моментално го користам овој на Head&Shoulders, добар е. Го земав и овој на The Body Shop со чајно дрво ама сеуште го немам пробано, треба и тој да е добар. Бебешките шампони особено тој од ДМ на Baby Love е исто супер за прочистување. Ја сушат косата многу така да не е препорачливо да се користат секое капење, јас ги користев порано нон стоп и косата ми беше премногу сува многу безживотна, затоа е најдобро да се прави ротација пример 1-2 неделно прочистувачки шампон без силикони и сулфати во другите денови нормален шампон каков што ти одговара. Барем мене така најмногу ми е погодено за косата.
И мене ептен ми се погоди, па дури од овај и не ми се мрси толку како другите. Имам пробано повеќе од лореал ама сите ми беа онака, Пантен имам користено, Сајос, Head&Shouldres ама не сум била од некој друг толку задоволна како од овој лилавиот. За тоа штетни шампони па секојдневно гледам реелс со штетни шампони, штетни пудри, штетно ова штетно она... Знаеме дека има материи штетни ама тоа е Ако следиме се што се збора по мрежите не треба ни дезодоранс да користиме ама ај не користи да те видам
Тие што се големите литарските мислам дека се, знам на Helena од лаванда, коприва и лук се за прочистување. Искрено мене не ми одговараат, некако не ми ја мијат добро косата од себумот. Инску јас си го прашувам chatGPT за се кога купувам козметика, ставам листа на состојки, го прашувам дали има штетни состојки или конкретно состојки за одреден проблем и ми кажува дали е соодветен или не. Веќе не правам ништо во животов без да се консултирам со него, бесплатен терапевт ми е
Не е муабетот за штетни состојки, туку дека со користење на ваквите производи што содржат агенти за хидратација, измазнување, се прави buildup на скалпот од тие мртви клетки и насобрани масла, и затоа косата нема волумен, брзо се мрси, се појавува првут чешање, изгледа безживотно.. Мора од време навреме да се направи пилинг и да се отстрани таа нечистотија за скалпот да диши и косата да може да расте, како што правиме нели на телото. Затоа се користат шампони кои ги немаат тие состојки и се чисти, за да се направи deep cleaning
Јас ставам Superbalm, третманот за скалп на LUSH. Предобар е за длабинско чистење на скалпот, ставам на цел скалп и оставам да стои 20-тина минути, потоа се мијам со шампонот што си го користам регуларно.
И колку често ова го правиш? Мислам неделно, месечно Фала на инфо иначе, стварно не сум правела до сега