Lush во East gate , Skopje City mall или онлајн на lush.mk , a Kerastase на страната на elixir.mk или во нивните парфимерии
Дали имате искуство со Beamarry.mk страницата со шампони и ренератори? Една пријателка ми ги пофали многу но ги немам пробано
Бев на фризер и ми ја измија косата со Schwarzkopf шампон и маска. Прилично скапи се ама ми ја направија косата мека, сјајна, жива и не ми е мрсна на 3ти ден од миење. Покрај тоа, иако не е purple/silver шампон, многу личи поплава. Дали имате предлог за добра и поефтина верзија на шампон и маска/conditioner?
Која линија на продукти ти треба? Јас по боја ги помнам овие, баш утрово пазарев па ми текна дека те прочитав. Во ДМ Капиштец има од тие во пастел-розово пакување, пастел-зеленото го има и уште едно - светловиолетово или нешто така. Шампоните и маските за коса 100% ги има, за регенераторите не сум сигурна ама ко да ги имам гледано.
Ми треба препорака за добар шампон. Некој шо го има низ продавници. Косата нит ми се мрси, нит ми е сува. До сега користев бебешки и литарски, али некако почна да ми се иритира скалпот од тие. И сега сум во потрага по нов
Алверде со кофеин и бибер, или некој од Афродита, од овие новите на Афродира баш ми се допаѓа тој со рузмарин. Спојлер Уртекрам имаат одлични шампони, тој со лаванда на пример, Или Уртекрам рузмарин. Јас имам светла коса и многу ми се допаѓа Уртекрам камилица, баш убав сјај ѝ дава на косата. Нив ги има во Белина продавниците.
Веќе ниту еден шампон не ми одговара, да дотрошам на Конопка и ќе барам нешто друго, изгледа ми се засити косата, никаква ми ја прави.
Знае ли некој каде можам да најдам Oma Gertrude шампони? Порано ги имаше во Cosmo, сега ги нема. Да не сте виделе некаде?
Од ДМ маркет го купив, 220 денари мислам дека беше, така нешто. Има уште еден со црвен кромид, не ми е пробан.
Сакам да прашам дали е воред да се менува често шампон? Јас си мислам да испробувам различни шампони ама незнам дали нема да е проблем . На пример и да користам повеќе шампони до два или три и да ставам еден на секојдневно туширање ,еден за два пати во месецот и еден за еднаш во неделата.
Јас го имам користено тој со кератин, и ептен ми се погоди. Пред се ми се покажа многу добар за мрсна коса, со денови ми ја држеше косата свежа.