Многу ми е криво што не ми одговара овој шампон на скалпот . Преубава ми ја правеше косата, сјај волумен ама скалпот по неколку користења крш.
Кај тврдите шампони се случува да го пресушуваат скалпот оти се претерува со мачкање. Двапати сврти го низ косата, доволно е за да ја измие.
Да, можно е да претерував со мачкање. Можеби треба да го користам еднаш неделно, јас го користев на секое миење. Пред година и пол го имав, ќе го земам пак кога ќе го нарачувам Аромако.
Дали го има некој користено овој шампон? Дали бил задоволен? На попуст се производите на Olival во Tesori Di Mare.
Здраво, Косата во последно време ми е очајна. Имам густа коса, ја пеглам, моментално користам Пантен шампон и регенератор, како и црвениот серум на Ревлон (само тој ми е фаворит низ годиниве). Предлог за поскапа линија за нега, гледам Redken или Kerastase, имате ли искуство, дали вредат за парите? Фала!
Вредат за парите Керастас само треба да си ја "погодиш" линијата. Имаме пишувано доста за Керастас на темава, баш види поназад.
Во последно време сменив 3 различни шампони (и евтини и поскапи), косата цело време ми е како немиена од сите особено во коренот како тесто е. Не ми е јасно зошто може да се случува ова? Дали се некои постпартум хормони или што може да е? Ужас ми е косава, сабајле ја измив сега ми е како тесто во коренот. Некој совет?
И јас го имав истиот проблем, ама со дополнителна нега на косата како маски, масла и сл. ми се среди некако, а порано само шампон користев ништо друго.
Пробај со Алпецин шампонот doppel effekt. И маска ако ставаш само на врвовите и на крај убаво измиј ја.
Јас го имам користено искрено ништо посебно. Косата ми беше чудна и многу брзо се мрсеше. Од Pantene најзадоволна сум од овој шампон. Косата е мека како свила, многу убаво мириса и не ми се мрси.
Истото и мене ми се случува 13 месеци постпартум, косата никогаш не ми била ваква. И фризерката кај што идам баш коментираше дека скроз ми е сменето влакното после пораѓај. Се надевам ќе се оправи со време.
Мене овој од Алверде со виолетово капаче ми е најубав. Убав ми е и тој со киви, исто Алверде. Други шампони разгледај кај овие брендови за органска козметика што ги има на Белина, има и таму доста широк избор.
Било кој на Алверде, Балеа или од Белина. Исто мислам и на Yves се без сулфати исто и било кој бебешки шампон
Morrocanoil ништо посебно, не вреди воопшто. Можеш на Balea intensive repair да го пробаш, одлично е. А за шампон без сулфати одлични се на Алверде
Какви се новите шампони од Гарниер, тој со банана и уште 2 мислам имаше? Во Дм ги видов и баш се мислев дали се ок.