овој шампон е Хербал Есенсис кој кај нас беше достапен и беше најубав шампон што досега сум го користела. Стара амбалажа но повеќе не го носат, незнам зашто инаку го има насекаде низ Балканот, Србија, Хрватска, Сло, БИХ итн. поим немам што е проблемот?
Не знам и јас им се чудам на нашиве Спојлер мочани дистрибутери. Ништо убаво не носат. За овој шампон сум умрена,ама ете ...
Охх колку ги сакав шампоните хербал есенсес, уште не можам да ги преболам. Прекрасен мирис имаа најмногу заради тоа ги користев, а и косата ми беше здрава и прекрасна тогаш. Си чувам за спомен едно шишенце со малку шампон и си го мирисам, сеуште го има истиот мирис Се чудам зошто ги нема сеуште кај нас?
Devojki imam epten suva kosa duri i mi skripi od sto e suva ic ne mi se mrsi kosata koristam od ilirija toj so kopriva ama nemam ni sjaj ni nisto abe kako da nemam kosa tuku slama na mene sakav da zemam od samponite od garnier.e sega neznam dali da zemam za suva i ostetena kosa ili pak za farbana toj sto e so brusnica.a ne mi e farbana kosata nego so kna mi e.aj ve molam za sovet.i se izvinuvam za latinica od mob.sum na forumov.ve baknuvam
Јас ти го препорачувам овој, мислам дека е најидеален за сува коса! Е сега е поскап 170-80 денари али стварно е преубав.
го користам head & shoulders заради тоа што имав првут,но сега немам повеќе.се плашам дека е многу силен за мојот нежен скалп бидејќи ја мијам косата секој 2 ден.барам некој шампон кој нема да ми ја мрси косата и нема да ми ствара првут.предлог?
дааа преубаво мириса , јас ја користам маската за коса и мн. ја бендисувам , а денес видов 2 шампона за 4 евра но чекам да ми се потрошат тие што ги имам хехе инаку има сина , зелена , црвена и розева опаковка јас земав од како горе поставената слика ,а како си задоволна од овие шампони ?
Најубава комбинација од регенератор шампон и серум за коса ми се погодија од Авон , портокаловите шампони. Исто така и од нивеа за исправување на косата ми се доста убави. Преубаво мирисаат. А последно купив од Лореал Елсеве и се разочарав, првут одма ми се појави... ужас! Се надевам ќе се оттарасам за брзо од него!
Девојки, никако не можам да си погодам маска за коса. Ај препорачајте некоја. Имам користено една од Авон, ама многу ми ја заплескуваше косата, како тесто ми беше нареден ден.
Па зависи кој тип на коса имаш. Дали ти е мрсна , сува , нормална, виткана , права Премногу ги има Што ти ја заплескувала косата, тогаш подобро е некоја за волумен да си земеш. А и кога ставаш , не ставај многу и ставај на врвовите , а не на коренот. И можеш на пример да не ставаш на секое миење туку 1 неделно Понекогаш и треба на косата да се одмори од сите средства што и ги ставаме. Сега се сетив, имаше едно средство од Авон за волумен , многу го сакав. Ама порано беше во поинакво шишенце. Сега мислам дека е ова , ама не сум 100% сигурна Пробај ако ти се експериментира можеш да го земеш. Не е скапо ,а и не се троши брзо
Па и јас имав сува коса но благодарение на феминките сега не значи и јас користам од илирија ама со б комплекс (браво за тие што ја напишаа ова формула ) му ставам внатре окулу 12 поцврста е, порзо расте косата и добива сјај но не може само со шампони регенератор ќе и ставиш или маска јас моментално имам глисс регенератор убав е но запомни мораш и ампула да и ставиш барем 2 пати кога веќе тие толку оштетена..
Од маските за коса почна некако многу да ми паѓа косата , а намалив со фарбањето, се фарбам на скоро 5 недели. И ајде, после долго време, се решив да сменам малку и да се вратам на регенератор за коса. Го земав овој на Глис. Убаво мириса, и има навистина ефект. Косата е свиленкаста и сјајна, и влакното изгледа некако поздраво. Единствениот downside - многу брзо се мрси косата. А не ставам многу.
Трендафилка не би требало да ти паѓа косата од маската затоа што не се става на коренот, а паѓањето на косата е поврзано со коренот, нема врска со тоа што ставаш на врвовите (освен ако не се кине влакното од средина). Земај повеќе витамини овие месеци, на сите ни слабее организмот вака во есен, можеби имаш некој недостаток па затоа паѓа. Иначе и јас имам од овој регнаратор, а и маската ја имам и сум многу задоволна
Еугене Перма ги користам сега, најразумно решение ми е тоа Си го купив шампонот за растење-против опаѓање од Космо 250 мил. 478 денари Сите го препорачуваат, јас планирам да продолжам да го користам подолго време, се додека не ја добијам посакуваната должина на косата од оваа колекција
Јас го купив на Кене овој, првиот http://www.haircareusa.com/images/keune ... hampoo.jpg и можам после 3 пати миење на косата, да кажам дека вреди за секое денарче дадено за него, инаку е 460 денари во Цосмо, е за заштита од опаѓање и поттикнување на растот, ама ефектот и моментален е супер.
Си го зедов денеска шампонов утре ке го пробам пошто ми го испофаливте валда ке ми се погоди 350 мл.беше 184 ден.ххммм на ова беспарица убо парички денеска си потрошив за хејрот фала за советите и бај д веј многу убо ми мирисат