Hairshop.Mk на ул. Македонија карши Diamond moll ќе му дојде продавницата така нешто, јас го земав 1.880ден 250ml мислам попуст нема, малце е скап, ама не зажалив.
Ми се чини дека Алверде имаат некои нови шампони, овој со ружина вода прв пат го видов пред некој ден и морав да го купам. Немам сува коса, ама мирисот на роза во Алверде продуктите ми е прекрасен. Морав да го купам, им ја обожавам линијата за лице со роза. А шампонов ми е супер засега. Немам замерки, класика Алверде шампон.
Шампонов го имав користено и ми беше еден од омилените, навистина преубаво мириса и трае мирисот, ама со цената како да претерале, ме замисли пак да го земам
Исто, во неколку прошетав да проверам ( и по тинекс/рамстор… али си викам да прашам, случајно по некоја среќа да го има негде Го фалат по тикток/редит па баш сакав да го пробам
незнам за овој но ако го има овој пробајте го предобар е ! Убаво чисти , косата има многу волумен и е премека . Јас го користам со регенератор од истата линија
Овој на сликата не, ама имам пробано други од Pantene и на мојот проблематичен скалп му одговараат. Овој според формулата не е за често користење бидејќи е агресивен, па затоа го мислев само за длабинско чистење. Ама генерално задоволна сум од Pantene.
Исто и мене ми одговараат. Размислував да го пробам овој за летово бидејќи повеќе ќе ми се мрси косата, но ако е агресивен не би го пробала.
Дали вие што се фарбате, користите шампон за фарбана коса? Прв пат ќе се фарбам па не знам дали да менувам шампон...
https://m.media-amazon.com/images/I/61eioPvflFL.jpg Некоја искуство со шампонов? Ги донеле и кај нас во ДМ.
Ако некоја го проба, нека каже. Го утепаа од фалење. Cе плашам да го земам зашто мислам дека ќе биде утка за мене.