Од оваа линија регенераторот ми е прекрасен, шампонот не ми остави некој впечаток, плус според составот е за длабинско миење. Благ и нежен шампон за скалпот е Алверде со кокос. И Алверде pure, мислам дека имаше натпис 0 алкохол или без алкохол, така нешто. Капачето му е пастелно сино. И еден ваков од Балеа ми се чини имаше, од оние во големо шише како цилиндар. Розова етикета има шишето, на него пишува natural и има слика од памук. Ако ми текнат други, ќе допишам во друг пост.
Фала ти. Ќе пробам некој од овие, се надевам нема првут да ми направи пошто со тоа имам проблем, многу ми се суши скалпот. Моментално овој што го користам погоден ми е, ама ми се презасити косата.
Нежни се многу овие шампони, не би требало да ти се појави првут. Инаку да, некогаш си бара самото влакно и скалпот промена, особено ако подолг период си го користела тој шампон. Јас затоа си менувам различни од Алверде, тие ми се убедливо најпогодени за мојава коса и за скалпот. Против првут, најдобар ми е Еуцерин Dermo Capillaire. Еднаш на неколку миења ставам и од него за да не ми ескалира себорејата на жешково. Ама ја прави косата тешка, така да, внимавам со него и обично на тоа миење гледам првото шампонирање да ми биде со Еуцерин (и убаво оставам да отстои 5-6 минути за да делува), па второто шампонирање со Алверде каков и да имам отворено во моментот.
Сега бев во ДМ, гледам има и шампон со авокадо од Алверде. Тој го имаш пробано? Читам добри рецензии и за него. И јас имам себореа на скалпот, односно имав па ми се повлече и ми се нема појавено веќе долго време а ми се активираше после менување шампон.
Го имам во моментов и го користам наизменично со Алверде шампонот со ружина вода. Авокадото не е толку благ како овие што ги спомнав во претходниот пост, ама е поблаг шампон од Garnier oat delicacy. Ако ти се свиѓа пробај го, па види дали ќе ти одговара.
После константно користење јаки и агресивни шампони и преоѓање кон поприродни и понежни шампони, можно е да го чувствувам некако чудно скалпот? Не ме чеша, нема лоша реакција, косата ми е убава и чиста, ама ете имам некое чудно чувство на скалпот, не знам како да опишам? Некако ми нема смисла од јаки шампони да немам реакција а од нежен шампон да ми се јави проблем. Си мислам да не е шок за скалпот одеднаш што се префрлив на послаб шампон.
Можно е да има реакција од нагла промена, ама можно е и да не ти одговара тој шампон кој си го користела. За жал, се е сведено на проба-грешка со шампоните, макар и овие што се со (по)природен состав. Нема некое универзално правило. Ако пак ти се појавува некоја реакција при наредните миења, дефинитивно е до шампонот.
Ќе го пробам уште неколку пати, да видам како ќе реагира понатаму. Сега веќе ми пројде тоа чувство, кратко траеше. Обично кога не ми одговара шампонот уште на првото миење имам видливи реакции, ми се враќа себореата, па си мислам да не е од нагла промена.
Не е страшно штом поминало, мислев некои рани да не ти се направиле или појака иритација. Дај му шанса уште неколку миења и ќе имаш појасна претстава дали е за тебе или не.
Не не, немав видливи иритации, само така имав некое чувство, а косата ми е супер вака на изглед. Инаку се измив со Алверде кокос, а го купив и на Балеа natural шампонот, па ќе видиме понатаму како ќе биде.
Генерално немам проблем со првут, скалпот периодов знае да се мрси побрзо од вообичаеното, но забележав дека имам иритации и чешање најверојатно од сувиот шампон на Балеа. Предлог шампон што ќе смири иритација, чешање, се нема да ја мрси косата? Гледав во dm еден нов на Балеа, искуства има ли некој?