@Medea. @nadelinka Го има во Дм цената е некои 380ден Ако се одлучите подобро земете ги пар заедно па пишете како сте задоволни, мене дури и на работа ме забележаа
Последните месеци косата ми се презасити од Конопка, и упорно лутам со шампони, на два пати дадов шанса на Гарниер, примамливо ми стојат во шишенцата и никако да погодам кој одговара баш за мене. А имаат преубав мирис. Верувам дека на тие што им одговара е супер затоа што и составот не е така лош.
Мене од Гарниер ми се супер кога се мијам прв пат, било кој нивен шампон и да го земам, ефектот е wow. Ама потоа со секое наредно миење станува сè полош шампонот, односно скалпот ми прави реакции дури и кога го ротирам Гарниер со други шампони. Затоа и прекинав да ги купувам и преминав на Алверде. Ама регенераторите за коса Гарниер, врв се! Најомилен ми беше тој со јаворов лист на шишето, ама нешто го сменија па веќе не ми е тоа тоа. Сега додта време го користам oat delicacy, така некако пишуваше мислам. Бело шишенце со розово капаче. Ептен ми е погоден, би го купила пак.
Предлог шампон и маска, регенератор, што не би ми правеле бубулици долж линијата на косата и по рамената? Ставив purple shampoo на Elvive (така мислам се викаше, можеби Elseve) и одма се нафрлив
со години берен корисник на Elseve сум,но скалпот се презасити.Се префрлив на Балеа-без сулфати к силикони,но косата ми е ужас-без сјај,лета... Барам предлог за шампон...
Keune Design Color Care Shampoo ја штити и обезбедува долготрајност на бојадисаната коса, а моето искуство со него е навистина одлично. Овој хидратантен шампон е идеален за нега на косата по фарбањето и навистина ја одржува бојата поинтензивна и посвежа подолго време. Препорачан е за сите што сака да ја зачува живоста на својата нијанса.
Од Гарниер трета шанса дадов овој досега најмногу катастрофа, мислам дека кожата си ја одрав од чешање дури и на чело се исфрлив. Овој последниот беше со авокадо, косата ми ја направи тесто, имам виктана коса како скубана сум, нема шанси веќе да пробувам. Си се враќам пак на Конопка.
Јас го имам розевиот со кератин ( го нема на сликата) и сум задоволна, еден од подобрите шампони што ги имам користено. Ја омекнува косата и ја прави сјајна. Исто, не ми се мрси толку брзо од него.