Исто и шампонот од оваа линија е предобар, верувам ако се користат во комбинација совршен ефект ќе има.
Јас го користев тој лилавиот со Биотин и Колаген, убаво мириса нежно а волумен не прави, кај мене не постои шампон што може да ми дај некој грандиозен волумен стрижена сум рамно и имам долга права коса па ми спласнува одма (може подобро да делува за волумен кај некој што има коса на степени) инаку овој исто е наменет против опаѓање ама јас не забележав ништо помалце да ми опаѓа како и редовно кога се капам, никаква разлика. Го имав и регенераторот од тој првиот Арган од Мароко, преубав мирис трае долго и убаво ми ја омекнуваше косата
Скоро се фарбав црна, може ли да ми препорачате добар шампон и регенератор за фарбана коса? Досега го користев Лореал лилаковиот purifying и е врв за мене, но сакам да сменам ради фарбањето. Хелп, плс