Маската на Натура Сиберика ја користам, таа ми е најдобра досега а шампон користам од Конопка за волумен, не ми е нај нај ама од сите овој некако најмногу ми одговара. Сите што ми беа со намена за виткана коса ми беа најкрш шампони и веќе не земам такви.
Го користам моментално и задоволна сум, сега прв пат го земав. До сега не сум обрнала внимание на маркава, искрено. Само маана ми е што е многу мало пакувањето, а имам долга коса и брзо го трошам. @koritsaki Мислам дека тебе те читав за шампониве на Алверде, да не знаеш дали има поголемо шише, а да не сум приметила? Извини ако сум те помешала со некој.
Имам тенка коса фарбана која многу лесно се заплеткува. Користев од авон серум со арганово но ми се потроши. Додека да нарачам и да стигне предложете некој регенератор што може да се земе од локалните маркети.
Јас па презадоволна сум од скалп клиникс, но сега ги нема никаде. Ни во Македонија, нит во Словенија. Не знам што ги снема толку брзо. Ако некој знае каде можам да ги најдам нека ме извести, поготово лилјаковиот против паѓање и тој против првут.
имам една маска од авон. Уствари не сакам да трупам само маски различни видови кога само 2 пати неделно користам маска. Но би пробала кога ќе ја потрошам оваа.