Дали сте задоволни од шампоните за коса на Alverde? Имаат многу пристојна цена, јас си купив 2 да ги пробам
Зависи кој, ама генерално се добри. Мене не ми одговараше тој со кофеин, и еден со билки што го имаат, за тенка коса, а може истиот е, веќе не паметам. Другите сите ми се покажале добри, за децата го земам фемили шампонот со темно плаво капаче, им одговара, солиден е.
Презадоволна. Јас го користам тој со виолетово капаче за масна коса и можам да кажам дека е еден од ретките шампони што ми ја држи косата чиста три дена, од повеќето други агресивни шампони веќе следниот ден ми е за миење. Го имам пробано и тој од авокадо, солиден е. Плус имаат и добар, природен состав.
го имам користено. Ок е. Темето ми е почисто и не ми се перути. За мастење немам многу голема разлика забележано. Следно сакам да го земам тој со авокадо
Јас само тој со кофеин го имам користено и сум презадоволна од него. Ем ради растот на косата, ем што ич не ми се мрси. Можеби ќе пробам и од другите.
Тој со авокадо сум заборавила да го постирам. Супер е, само мене најмногу ми одговара тој за масна коса. @CandyM
Имам користено секакви шампони, од најефтини до најскапи, и искрено не забележав некоја разлика. Ваш&Го од 165 ден ми е многу подобар од некои што се многу поскапи. И не забележувам некоја разлика од тоа кој за каква коса е наменет. Сите делуваат исто. Барем на мојата коса.
Најтопла препорака за Нивеа хеирмилк (розово пакување), и шампонот и регенераторот се едноставно препрекрасни. Косата ми е свила од нив.