Јас го имав овој шампон добар беше ми ја правеше косата по мека и полесна за чешлање исто така маските им се многу убави не знам дали си фарбана ама витамино колор предобра е јас ја користам моментално од лореал исто.
Јас го имав порано користено, имам тенка коса без волумен и не ми одговараше воопшто. Земи ја и маската доколку имаш сува коса. Мојата коса не е сува да напоменам.
Да видам прво како ќе биде шампонот. Јас сум ептен задоволна од овој. Да го потрошам па може ќе ја зеам и таа маска. Да не ги собирам по дома за џабе, нема да отварам продавница
Мислење за шампонот? Од Балеа веќе ми се засити косата изгледа, Алверде жолтиот го земав после долго време и некако уште посува ја осеќам косата. Или да препорачате некој за сува коса, фарбана ми е, по можност без силикони? Овој има добри рецензии на веб на дм, ама германскиот. Не знам дали и тука ќе е со ист квалитет.
Јас го користам шампонот wash and go и се вљубив во него. Не би го менувала уште долго. Мислам го пронајдов вистинскиот. Возбудлив е!
Искуство некој со шампонот за виткана коса од Alverde? Случајно видов дека има за виткана, ама немам користено од маркава ниеден шампон, а сакам да земам, ми се презасити косава од Лореал
И јас ги гледав, зошто косата скоро 2м ми беше пречудна. Што не и ставив, од маски купечки до домашни природни со свашта... ама пријателка ми рече дека познаничка не била нешто многу задоволна од тие (а не се баш ефтини) и земав еден друг шампон од Coslovemetics и сега со тој терам.. а маска на Лореал. Во меѓувреме и Колаген земав да пијам, повеќе вода. Зошто чудна, сува леплива ми беше косата, заплеткана од корен... нит се чешлаше, нит се мазнеше, нит се скротуваше.. како лав бев. Што и беше незнам, ама еве ми се скроти, мазна и мека ми е сега...
Немаш утка и со Гарниер. Мене многу убаво ми пријаат нивните шампони, чат-пат кога менувам ако се презаситила косава од некој... зимам од тие. Сите што сум ги пробала, сите ми биле убави... Ќе земеш од Веро само..
1900 ден за 100мл не знам дали вреди да се земе. Прати ми ако сакаш кој шампон го користиш. И кај мене не се скротува пука влакното. Пред недела дена ја скратив и пак се распука влакното не знам веќе што да и правам. Кога ја пеглам мириса на изгорено а ставам и термичка заштита и се.
Овој е шампонот, вака убави рецензии на нет имаше, задоволна сум и јас. Уште на миење се приметува разлика, мекнее убаво. 800 и нешто, ама 500мл е. Маска на Лореал оваа И плус и кремата ја земав.. Јас убава јака густа коса имам отсекогаш, а ама дали некогаш од што се презаситува.. или ради внатрешно нешто (знам да сум си анемична, плус со хипотиреоза и хашимото сум), некогаш ми е невозможна... Сега паника ме фати дури да не сум ја прегорела нешто, ама ми се опраи... Ставав и домашни маски со жолчка, мед, кокосово, чичково, маслиново, маска од ленено семе...
А и мн темелно измива, многу подолго не ми се мрси. @Ta-mara и мене од таму ми е. За еден ден доставуваат.. https://coslovemetics.mk/product/ellizavecca-coating-hair-muscle-shampoo-500ml/