Јас два пати го имам купувано. Јас бев задоволна, го користев кога имав плава бланширана коса. Ми помогна во однос да не е разлетана, да изгледа негувано...
Маскава на Лореал дали добро ти прија? Не ти ја мрси косата? Јас имам на Гарниер ама искрено како џабе да ја ставам, буквално никаква разлика нема, не ни мириса убаво.
Па не е лоша, мојава коса е долга мн и надоле баш ја ставам само. Незаменлива ми е оваа маска, имав огромно паковање и цела година ја користев ама пред 2м ми се истроши... единствена маска е од која косата не ми се презаситила. Може и затоа ми стана чудна, дека престанав да ја користам. Ќе си ја земам пак.. Преубаво мириса, преубаво мекнее и дава сјај на косата. Ја има во Дм. А јас од кај козметичарката големо пакување земам, и носи дистрибутер некој.
Женски, што е разликата во намената меѓу овие два производа? Презадоволна сум од Лореал Елсев продуктите, па сакам следно регенератор или маска од оваа линија да пробам. Кое од овие две е подобро за сјајни врвови? Прашав вработена во ДМ, не знаеше да ми објасни.
Па тубата е за секојдневна употреба, јас би го одбрала шишето за интензивен сјај и ламинирање (се држи 5 минути), содржи посилна формула од 17% глос комплекс
Се измива, така? Дали е потечно или погуста структура како маска? Не знам зашто ретко користам регенератори, од маските во кутија зимам стално. И колку пати неделно се користи, на секое миење или? Фала ти многу.
Да, се измива. Потечна е структурата. Се става на влажна коса по шампонот, се остава да делува 5 минути и се плакне. Се препорачува 1 до 2 пати неделно (не на секое миење), бидејќи има многу силна формула со киселини за ламинирање.
Во последно време се почесто се форсираат размислувања дека најефтините шампони од типот на бреза камилица се подобри по состав од сите поскапи
Па не знам за тие баш, али од Алверде упорно ги одбегнував се водев по тоа Балеа не ми се погоди како марка сигурно и оваа е така. На крај излезе не сум во право, добар е шампонот за виткана коса а ги има повеќе видови. Не е скап, ок му се состојките. Имам давано пари за поскапи шампони и баш тогаш косата најлоша ми беше. Нај врв ми беше кога пред некоја година користев тврд шампон демек органски му заборавив името, не беше Лаш, а тоа едно малечко и скапо беше а косата страшо очајна ми ја направи. Викам ај може треба време, за 10 дена јас после 3 месеци ја оправав. Така да цената ич не е пресудна. Ако ти се погодат тие користи ги. Јас на времето користев од коприва внатре со витамини, како луда растеше. А беше некои 90,100 ден. Сега сигурно нешто е поскап ама не е 500 ден.
Косата често ми се мрси во корените, а периодов и ми паѓа (косата ми е тенка, а итсекогаш сум имала проблем со ова, периодично ќе се смири па пак ќе почне да паѓа), а на врвовите често ми распукува и се плетка. Која комбинација на шампони/регенератори би ја препорачале? Не знам кој крај да го фатам.
Дали имате искуство со овие производи? Како сте задоволни од шампоните на Афродита? За коса која е многу сува и паѓа.