Јас по лош шампон во животот не сум користела. Доста ми ја мрсеше косата и чуство како на неизмиено ми даваше кога ке ја поминев со прстите.
@Mishela го користев Алверде, пробав со Kallos, Balea, и скоро сите шампони. Балеа последниве два пуздер ми го направија скалпот. Те молам препорачај ми некој шампон што го имаш користено а не го прави сув скалпот. Имам нормална, нефарбана коса која ја мијам на 3/4 дена. Не ми се мрси брзо
Таков само од Еуцерин да видиш. Имаше еден ph5, за осетлив скалп. Тој е навистина добар. Јас во моментов го користам овој од Балеа, не е лош. Само треба да се шампонира косата 3 пати за да се исчисти убаво. Има и еден со бело капаче, па можеби ќе го пробам и тој во наредна прилика.
Пробај ја оваа линија на Натура Сиберика, моментално е на попуст во Биошоп и Белина. Имам коса како што ја опиша твојата, многу сум задоволна од шампонот и маската. Не ја мрси, не е тешка, има добар волумен кај коренот не е сплескана.
Овој би го пробала и јас, досега само го одминувам кога листам на сајтот на Биошоп. Штом го препорачуваш комбото, ќе се поттурне погоре на шопинг листата.
Ужас е шампонов ми ја правеше косата тешка или како да речам не ми се допадна и многу ме чешаше и ми се појави дури првут а никад во живот не сум имала првут ,јас би ти препорачала од зегин еден се вика “moev” предобар е ја прави мека косата намалува опаѓање..
Дали го имате пробано новиот Elseve Collagen Lifter шампон. По описот би требало да ми одговара, имам масен корен без волумен и тенка коса.
Заборавив да кажам дека и убав сјај дава на мојава коса. Таман да те доубедам Имам земено и кератински филер од истата линија и спреј од плавата линија, ама уште не сум ги пробала. Ќе пишам и за тие дали ги бива кога ќе дојдат на ред.
Баш сакав да те прашам дали си користела нешто од плавата линија, фала ти. Со душа чекам да споделиш впечатоци! И да, баш го погоди моментот , на сајтот гледам сетчиња на попуст, скроз се намерачив да земам нешто. Се мислам за сетот со торба (изгледа ја има целата линија во него), или сетот со шампон, регенератор и масло или што и да беше тој третманот во мало шишенце. Многу примамливо, да ми отспие па ќе пишам за кој дил сум се одлучила.
Не ти ја презаситува косата? Го користам подолго време, супер е, ама нз ко да осеќам потреба дека треба да се смени.
Повремено го менувам со тој од рузмарин и еден против првут, ама секогаш му се враќам на тој од ѓумбир. Некако ми е страв да го сменам целосно со друг комерцијален шампон зошто ми се јавува чешање, првут. До сега сум задоволна.
Предложете ми шампон за сува коса. Не ми беше таква ама мислам дека последните 2,3 месеци од хормоните ми е. Користам моментално од Конопка ми пагаше малку при промена на годишните времиња, некогаш ми се случува на есен или на пролет. Сега ми се среди опагањето ама ми е некако сува и покрај маска што користам. Најефикасно ми е кога ми отстојува кокосово масло ама сега не сум во можност затоа што често излегувам а косата ја прави преубава како ниедна маска досега. Доколку знаете и некоја ефикасна маска ама да не ја сплескува и мрси косата, баш од таа причина не експериментирам со маски, мразам после сушење косата да ми е сплескана а никогаш не ставам маска на коренот баш од од оваа причина. Само немојте Алверде и Балеа шампони затоа што летото на Алверде после еден месец косата ми пагаше едвај ја подоправив а баш се бев израдувала како ми одговара ама за жал не. Дури и залихи си направив ама не смеам пак да го користам кој пак ќе оправа опагање на коса.
Се размислувам да пробам нешто од оваа линија. Од каде ги купуваш? И дали има пробано други освен овој?
Ги порачувам онлајн од страната на Росен Македонија. Ги имам пробано тој со рузмарин и бело плавиот против првут ама повеќе ја мрсат косата и некако не се обликува.