Ми го фалеа многу шампонов, па ми е следен на листа за купување. Знае некој која цена е, маската исто сакам да ја земам ?
Крута ја прави,како жица некако,незнам и јас не сум од него задоволна,а од тие на Глисс само лилавиот и црвениот за бојадисана коса ги сакам Само сега ќе менувам и се чудам што да земам,можи пак Wash and go да земам,како порано.И овие скапите шампони никакви ги направија
Баш така, никаква ми е косата. Јас ќе си се навратам на старите, добри Dove и Pantene, од нив сум најзадоволна.
задоволна сум од шампонов,иако со сомнеж почнав да го користам,со него користам и регенератор на генера од камилиица и ми се погодени многу
шампон јас користам од Palmolive Palmolive_Shampoo_400_ml.jpg го користам розевиот ми ја прави косата мека и лелава,шампонот има убав мирис.
Јас го користам шампонот ама за растење, односно против опаѓање и зацврстување на влакното, во Космо ќе ја најдеш цела колекција шампони по иста цена мислам дека се сите 480 денари, 478 поточно мислам
Ова е еден од подобрите регенератори за коса кои сум ги користела. Најважно од се' - ги штити врвовите, косата е свиленкаста и нежна и мириса прекрасно, воедно се задржува мирисот подолго, за разлика од други регенератори. Сепак, потребно е да се стави малку повеќе. Немојте да го штедите. Ова е прилично фин шампон. Ќе видиме како ќе се покаже понатаму. Ако ми ја зачува косата барем половина од тоа што го ветува , т.е. 24 часа свежа и чиста, ќе продолжам да го купувам.
^ Првиот го користам и јас и на сите им го препорачувам, откако го користам косата ми е прекрасна и преуваво мириса.
Дали некој го има пробано шампонот од Ziaja од смоква за нормална коса,или било кој шампон од оваа колекција? Ваков,само со розе налепница. Прво ме привлече со мирисот на смоква,кој го обожавам а потоа описот подоле Читајки е совршен,само ми е страв на не се зезнам,бидејки е 500 мл а ако не е добар што ќе му правам А,моментално користам Шаума,просечно шампонче со убав мирис,ништо посебно,затоа и би го заменила.. Пуш апот го нема нигде,ма да како што реков не е толку лош,колку пари толку музика
Сите наши соседи го имаат,Грција,Србија,Бугарија... Само ние не,нели бевме крстопат и имавме добра положба..ха :? Не заобиколува шампонов,ц,ц,ц...