За да ги заштити и обнови врвовите на косата, значи нема врска со коренот и се става само на врвовите, јас ставам од долу нагоре до половина на косата за секој случај, ама не ти препорачувам бидејќи прво е свилена, ама веднаш по вториот ден се мрси.
Шампонов го земав пред некој ден и сум пррезадеоволна. Нема потреба од регенератор, косата ми е како свила.
Го користев само околу месец, а за видливи резултати треба да се користи минимум 3 месеци и јас сменив сега користам друг со ампули. А може ќе продолжам со истиот и во него ќе ставам ампули, сепак не поминале 3 месеци, косата нормално ми расте како и обично 1цм месечно
Овие две ги користам еден месец, пред тоа ставам еден час да стои бадемово масло , после тоа косата не ми е супер, не ми е бушава како шо ми е секогаш Ч)
Ги добив на поклон Од прво ми беше страв да ги користам,бидејки зимава малце позачестено ми се мрси косата а овој е за многу сува коса,па плус со масло од авокадо и шеа путер,си помислив само што ќе ја измијам ќе светне. Но,воопшто не беше така,напротив,еве 3 дена ја немам миено а пак си е како првиот ден Многу ми е помека на допир од колку со другите шампони а тоа е голем плус :up: Препорачувам!
Овие од гарниер што ги има постирано Rozich над твојот пост се добри, јас ги користам шампонот и регенераторот за сува коса од Субрина и задоволна сум.
Пошто ми се смачи од шампониве,100 сменив и пак незадоволна,на крај купив од Коприва и како за прво миење добар е.Убаво ја измива косата Me gusta
Е фала многу Користев Гарниер со ку10 и за промена земав еднаш Бекутан и после Косили, демек да ја одморам косата, али веќе тоа не! Едвај ја расчешлував! Дефинитивно ќе си се вратам на Гарниер, али сега ќе го пробам тој
Имам користено се и сешто од шампониве ама од овие ми нема поубави. Копривата ми ја прави малку посува косата и поспоро се мрси, брезата ми е онака стандард, но камилицата и дава многу убав сјај.
Мислам дека имам и досега постирано, но тоа е мојата „добитна комбинација“. Премногу сум задоволна и од шампоните и од регенераторот: +
Сега се мијам со првиот шампон на сликава во комбинација со овој регенератор А пред тоа се миев со Херба од камилица, ем евтин ем убав во комбинација со маска за коса од кокос, неможам да најдам слика
По долгите експериментирања, пак си се вратив на старите шампон и регенератор - ми стоеја така неколку месеци, немам појма зошто престанав да ги користам. Случајно ми текна да пробам малце да сменам и задоволна сум од резултатот бидејќи конечно добив ефект на сјајна и здрава коса, како да сум излегла од фризерски салон, ма блеска косиштево мое бушаво. Ги нема веќе во новите каталози, ова се од постарата амбалажа и ги имам само шампонот и регенераторот.
Имам користено голем број на шампони со цел да си го најдам вистинскиот, пошто имам густа (фризериве ми викаат и доста квалитетна коса) и ми е средно виткана па така имав баш потреба од добар шампон. Имам користено Orzene и сум бајги задоволна, го користев константно една година и косата ми беше преубава;мека,сјајна и ми ги дефинираше витканиците Арно ама, јас сакам да експериментирам и да пробувам нови работи, така да се префрлив на Syoss со портокалови букви што е и сум истотака задоволна. Морам да кажам дека ја открив вистинската комбинација за мојава непослушна коса - Syoss и регенараторот во спреј од Gliss (жолтиот со 7 масла што е) и сум ептен задоволна.
и јас исто , но сакам да го сменам бидејќи велат дека шампонот треба да се мени, а јас го користам долго време ....
Го имам користено ..убав е , а маската е прекрасна, кога ставам маска косата ми е поиправена , помека...
Денес во Космо видов нов шампон и регенератор и другарка ми го зема па ќе го земам и јас изгледа.Го користела некоја?