Шампон го користам овој од Loreal и многу ми се допаѓа. Прекрасна ми ја прави косата. Доволно е густ и не морам да ставам преполна рака шампон за да можам да ја измијам косата. Сега ми е при крај, го купив овој од Garnier со алое вера, па ќе видиме како ќе се покаже. Регенератор имам ( Subrina balsam conditioner ), но многу ретко користам. Можеби затоа што косата не ја пеглам, па немам никаква потреба од маски и регенатори за сува и оштетена коса.
Сум пробала еден куп регенератори,сум фрлала и пари за нив,а мене да ми се погодил најубаво-најефтиниот. Шала на страна -Субрината веќе не ја менувам Eве оваа е...
Можеби глупаво е прашањево ама мене стварно не ми е јасно која е разликата меѓу регенератор и маска. Значи има разлика во крајниот ефект кој се добива или како, зашто и маска и регенератор се нанесува на врвовите за заштита на косата, и потхранување, полесно расчешлување и сл. Што е разликата тогаш
Маската ја храни косата длабински,ја штити и дава сјај и до некаде помага за нејзино расчешлување. Додека на балзамот првенствената намена му е полесно расчешлување на косата и не ја потхранува.. п.с Одвај чекам да ги дотрошам шампониве што ги имам и да го пробам новиов шампон - за јакнење на косата. И сите шампони и маски на Лореал се во нова амбалажа некако вака коцкести,пишува дека се со нова формула Одвај чекам да ги пробам
Конкретно за овој шампон не прочитав дека сте дале мислење, па јас ќе прашам пак Задоволни сте од овој шампон и маската?
Моментално го користам овој шампон и сум презадоволна Ја користам и маскава а и регенараторот го имам користе и сум презадоволна
Има нови шампони од Сајос леле.. Едвај чекам да ги пробам и Лореалот и Сајосот,ми се прават лиги до земја,о,зошто имам толку многу шампон дома Smooth Relax Substance & Strenght
Dевојки по ногуте проблеми со косава одлуцив за сампон од коприва од илириа. Nо сега незнам кој регенератор?? Sто ке одговара со копеива сампонов. I да е з. Oстетена коса бидејки мојава е мн. Pоз
Пробај го регенераторов од Шаума,за оштетена и сува коса,Superfrucht со брусница и ацаи бобинки,мене ми беше супер,ја негува убаво косата плус косата мириса прекрасно дооолго време Инаку,пак известување од моја страна Нов шампон од Гарниер Фруктис,еве на српски за што служи : "Garnier Fructis Pure & Shine je kolekcija sa prirodnim kompleksom protiv kamenca. Pročišćena i oslobođena taloga kamenca, kosa je blistava i sjajna. Bez parabena I bez silikona." Се откажувам од Лореалот,прв овој ќе го пробам,повеќе би ми одговарал
Веќе подолго време ја користам оваа комбинација и сум презадоволна.Вчера во тинекс кога бев ги видов на акција и двете заедно за 139 ден. што е премногуууу евтино па затоа си зедов 2 пакувања, нека има залихи дома
Сакам да ве прашам за некој добар шампон! Имам виткана коса и неможам да најдам шампон што ми одговара, после секое миење ми се дува косата и локните не се баш изразени, ми се разбушавуваат. Сум пробала секакви шампони и пак ништо. Па ако некоја од вас има слично искуство, би сакала предлог за добар шампон
Моментални го користам и шампонот и регенараторот на Нивеа- интенс репар, косата ми е мекаа особено на врвовите и по 3 ден од миење и не ми е мрсна, што е пак чудо!!! Го начекав исто во Тинекс на попуст за 130 и нешто двата, а претходно се имам миено кај вујна и ми се допадна па сега си го зедов. И ви го препорачувам на сите кои имате суви врвови и оштетена коса!!
Јас имам не мн, туку премногу виткана коса, цела ми е прстенчиња.Го користам шампонот и регенераторот штоги постирав погоре, а за да не ти се растураат локните и да доаѓаат до израз јас ставам крема хоби.Кремата е околу 130-150 ден 300мл и јас лично сум презадоволна и ја користам 5 па можеби и повеќе години.После бањање остави ја косата во пешкир 20тина мин и после стави и од кремот и локните воопшто нема да ја изгубат формата дури и више ќе ти се навитка косата.Мене со овој крем локните ми стојат по 3-4 дена.Ако малку ја изгубиле формата тогаш и ставам малку вода на косата и веднаш се обновуваат.
Да, за оваа крема ставај од кремава и не ја чешлај никако косата и ќе бидиш презадоволна мојата коса чешел гледа само од шишање на шишање додека ја мијам од како ќе и ставам регенератор ја поминувам со прсти и толку и е