Јас дефинитивно сум најзадоволна од шампоните на L'oreal оние што се за сува и оштетена коса. Сега моментално го користам оној во бела опаковка со црвено капаче, Total Repair 5. Регенератор не користам, повеќе сум по маските за коса и силиконските капки. Најдобра според мене е маската за коса на Garnier, а силиконските капки на Avon Позз до сите
Za mene najdobri mi se samponte od avon,plus prekrasno mirsaat.site se super a regenerator Schwarzkopf za suva i ostetena kosa,onoj so ne se plakne,vo sprej. Momentalno primetiv vo vero akcija sampon plus regenerator gratis za 167den odSchwarzkopf mislam deka eptennnn se isplati a i vredi
Сесилија , дури сега видов дека си ме прашала . Иначе задоволна сум , како за шампон добар е . Купив сега пак ама кога ќе го потрошам друг ќе пробам
Со миењето на шампонот од косата, ги миете и состојките кои треба да им пружат нега на влакната. Главна задача на шампонот е да ја мие косата, што тоа и го прави, но кога станува збор за некои попроблематични ситуации, неговото дејство е дискутабилно. Шампоните не можат да ја направат косата побујна или да ја задржат нејзината боја. Сите корисни состојки на жалост не завршуваат таму каде што треба, а тоа е на клетките на косата и нивните корени. Всушност, молекулите на овие состојки се премногу големи за да можат да навлезат во клетките и фоликулите на косата. Се задржуваат на косата се додека не ги измиеме. Шампоните ја отстрануваат нечистотијата од косата, но не може никако да помогне за: 1. Тенка и ретка коса без волумен 2. Сува и груба коса 3. Коса без сјај 4. Оштетена коса со расцветени врвови 5. Коса што не ја задржува долго бојата Исто така и регенераторот не ја негува косата длабински туку само површински. За да не разберете подобро, ќе ви го објасниме истото на следниот начин: Замислете дека косата е растение кое е дел од вашиот дом. За да расте растението и да има убави цветови, треба да го полевате постојано. Но, сигурна сум дека кога го полевате, не ставате вода на неговите листови туку на неговиот корен. Ист е и случајот со косата, само што ние го пратиме тоа погрешно. Ние ги миеме прамените, а забораваме на коренот на косата. Вака кога ви кажуваме, излегува дека ниеден шампон не е здрав за нашата коса. Но, тоа не е точно. Единствено нешто што вие можете да го направите за да и помогнете на косата е подлабински да ја миете. Тоа значи подолго да го оставате шампонот на косата и повеќе да го масирате скалпот за да можат хранливите состојки да навлезат во клетките и фоликулите на косата.
Сакам да ве прашам дали знаете дали е точно дека шампоните повремено требало да се менуваат бидејќи косата се презаситувала ? Иначе користам шампон и регенератор од АВОН за сува и оштетена коса.
Дали некоја ги има пробано шампнот од Нивеа против првут? Ако е да нека искаже импресии Инаку досега имам сменето многу шампони и никако да го најдам вистинскиот Затоа и глава неможам да кренам од првут
презадоволна сум од L'оreal за сува и оштетена коса. имам долга коса и со очглед дека се шишам на долг период често сум со оштетени врвови и имам испробано многу шампони за оштетена коса. Од L'oreal elseve (total repair) во комбинација со силиконските капки од валера косата ми е мазна и оштетените врвови не се ни приметуваат
Кај мене се случи спротивното,со Head & Shoulders шампонот против првут,само добив уште толку првут.Ич не ми помогна,само ми ја влошо ситуацијата.Тоа ми се случи пред 1 година од прилика..Потоа почнав да го користам шампонот од бреза,и ми се среди косата.Немам првут,ми се исчисти. Деновиве си купив шампон од коприва бидејќи од подолго користење на еден ист шампон,косата се презаситува,па така го сменив малце, а плус копривата е добра за косата.
сакам да најдам некој убав шампон или регенератор или маска или што и да е за косата да ми мириса Убаво а не штом излезам од дома се губи мирисот
Еве што користам јас: Шампон Alpecin C1 Регенератор или маска L'oreal Re-nutrition Спреј за расчешлување Gliss Kur Liquid Silk Gloss
Еј, другарка ми баш пред некој ден си го купи шампонов, и го препорачале бидејќи има проблем со првут, т.е себореа, во пределот на челото најизразена. Видов дека е скапичок, па незнае ни таа самата што да очекува... Ти како си задоволна?
Срцко, сеа сум видела дека си ми пишала. Мислам дека на нејзе и препорачале некој од другите верзии на Алпецин, има баш против првут, мојот е против опаѓање. Против првут е Алпецин А3. Јас сега за сега навистина може да кажам дека сум задоволна, но рано е, мислам дека за вистинските резултати треба да мине барем еден месец. Нека проба, мислам дека ќе има позитивен резултат, медицински шампони се. Active Shampoo A3 Alpecin Aktiv šampon efikasno tretira i kosu i kožu temena kod jako izražene peruti. Aktivni kofeinski kompleks neguje kožu temena i stabilizuje njenu barijernu funkciju. Štiti koren dlake i jača kosu. Kada se primenjuje redovno, Alpecin Aktiv šampon sprečava pojavu nove peruti. Во Зегин нека види, околу 470денари 250мл, и нека го користи според упатството.