Повторно се вратив на производите од Авон. Па шампонот во комбинација со регенераторот (кој не се измива) се рај за мојата коса. А па мирисот
Последниве 2-3 година за нега на коса исклучиво ги користам производите од Schwarzkopf, поточно Gliss и многу сум задоволна. Претходно користев Pantene, кои исто така се добри.
а го има ли во аптека? јас бев во тедико во кисела вода ама го немаше таму па сакам да знам дали во аптека го има ако некој знае
Од овој шампон по замастена косата никогаш не ми била Ви ги читав позитивните искуства па ајде и јас го купив и по само 2-3 миења косата ми стаса цела затестена, НИКОГАШ повеќе не би го ставила на коса
и уште нешто овој ли е тој глисс што го фалите дека подобар од црниот или овој од толку што има спрејови глисс се изгубив и незнам кој да го земам ,црниот го имам користено и покажа убави резултати
Незнам кај да пишам и ќе пишам овде.Девојки што мислите за црниот спреј на Глис за сува и оштетена коса? Дали помага?! Зошто јас имам сува коса,па дали би имало некаков ефект?
јас сум го користела и убавото е тоа што косата не ти е разлетана и ако имаш малце виткано ти го обликува витканото и мазна ти е после тоа мене ми се допаѓа и помалце цвета косата сеа планирам да си го купам шампонот па ако го има некој користено нека каже искуство
мене единствен регенератор што ми помага за отплеткување е OREZENE BEER за сува и оштетена коса имам коса до половина па кога ќе го нанесам после тоа не ми е потребно чешлање
Да се надоврзам на мислењето за овој шампон, јас обично го користам за тело, па го пробав и на коса, се фино ама мене темето многу ме чеше, истото го приметив и од други шампони на Афродита, незнам за овој новиот со Лук 100% природен, ќе видам. Но досега од овие шампони што се однесува за косата немам никакви замерки, не ми ја мрсат косата, а даваат убав сјај, посебно овој од кокос, но темето ме чеше како да имам вошки, пу пу скраја да е! Што значи шампонот не е за осетливо теме, го употребувам само во итни случаеви. Инаку овој шампон е само за оние кои имаат многу сува и оштетена коса, како измислен е, навистина ја опоравува, оживува и дава волумен, косата добива сјај и глаткост.
ајде повеќе девојки да ми дадат совет сеа треба да купам шампон и сакам да ми кажете кој да го одберам од афродита од кокос или од црниот глисс помош
А каде може да се најде шампонов? Поназад барав не видов некој да напишал. Никаде не сум сретнала во маркетите
Црниот Глис го користам исто и регенераторот и истиот спреј и ми е еден од најдобрите шампони и регенератори што сум ги пробала,на косата им даваат пред се сјај,ја прават мека и мазна и не ми ја мрсат косата нешто побрзо за разлика од други шампони.
Го има по маркетите, јас го земав од Тедико, го имаш и во Тинекс, можеш да го најдеш и по обични маалски продавници.