Пред некој ден прашував за ова,а денес ќе ви кажам дека сум презадоволнаа од спрејов значит презадоволна Косата ми е обликува и ми е прави прекрасна.
Шампонов е 0. Остај што од сјај нема ни с,па и ми ја суши косата.По сламеста косава,во живот не ми била.
Значи веќе нема ниту еден квалитетен шампон. Тотално сум разочарана од шварцкопф, глисс, шаума и слично. Никако ревлон, катастрофа невидена.
Некој регенератор што навистина помага во исправување на косата? Јас моментално го користам регенаторот - пена од Нивеа за волумен, ми се допаѓа како делува, но бидејќи имам коса до раменици, природно таласеста и немирна, не ми се пегла, значи за џабе ја пеглам и горам. Ни лак не ми помага да ми остане права. Постои ли некој препарат, еве не мора да е регенератор, што ќе ми овозможи да имам пеглана коса бар 2 саати?
Веќе ниту еден шампон и балсам не е квалитетен како што тоа некогаш знаело да биде. Веќе не верувам во ниту една реклама, сето тоа е гола вода, џабе везење. Јас моментално ја користам црната колекција на Глис, шампон и маска. Балсам користам на Генера и си ја купувам од Стокомак за 50 денари пола литар и ми е топ. Црнава пак колекција на Глис е задоволувачка, убаво мириса, и убаво чувство дава на главата, без чешање, перут или пак брзо мрсење на косата. Дава убав сјај и може да кажам дека сум задоволна и би го купила пак. Користам и спреј за расчешлување на косата на Глис, сатин релакс. Од овие спрејови секогаш сум била задоволна и долго ги користам. Инаку имам долга, скоро до половина коса, фарбана плава.
Го купив, го пробав и задоволна сум. Мириса многу убаво, не е потребен дополнителен регенератор, зашто косата лесно се расчешлува, мека е, и многу сјајна. Барем кај мене покажа таков резултат, зашто претходно ми беше безживотна, без апсолутно никаков сјај. Е сега има и лоша страна - очекувам утре веќе да биде мрсна. Не содржи силикон шампонот, ама премногу е мекана и убава за да чудово потрае барем два дена. Ама нема врска и онака се навикнав да ја мијам често. Барем лесно се суредува моето косиче. Во Веро, 600 мл - 217 ден.
А го користел ли некој ова и дали стварно дава волумен, дали е косата мека после тоа или како со обична пена, онаква леплива и тврда Го гледав на рекламата, мислам дека не се измива ако добро памтам. Имав една пена за волумен на Нивеа ама таа се измиваше, па некој посебен резултат и немаше.
значи по моето дооолдго патешествие за пронаоѓање средства за мојата коса конечно шампонот црниот глис ,регенератор орзене за сува и оштетена со комбинација спреј кој не се одмива црниот или жолтиот ова е супер комбинација за сува и оштетена коса мојата коса и не се мрси па така да овие комбинации највече ми одговараат и црната колекција ми се допаѓа тоа што ја исправува косата ,најдобра комбинација
Го добив овој шампон на поклон, од органско потекло на база на бадемово млеко, кокосово масло, и ред други органски продукти, наменет за честа употреба. Поубав шампон немам користено, косата не само што ја омекнува и измазнува, туку ниедно влакно од косата ми нема отпаднато, и после некој ќе ми кажува дека органските производи се само скапа фирма, не јас им верувам максимално, во ред немора се што е скапо да е и квалитетно, но за овој производ тоа не важи. Кој може да си дозволи слободно нека го испроба.
Јас оваа ја користев пред да ја купам таа со заштита од топлина, и да ти кажам право, не приметив некои посебни уау промени, затоа што мојата коса и така има солиден волумен. Единствено ми се допадна тоа што ми правеше супер брановидни локни, ама кај волуменот не забележав промена. Ако ставаш мала количина не се приметува во косата на допир, ама ако бапнеш цела шака - отиде косата, цела ко сено на допир. Па до душа, така е и со секоја пена за коса, барем што сум приметила кај мене.
Девојки дали можи да ми препорачате некој лесен шампон за секојдневно миење? значи да не е со многу хемикали, таман за на море пошто секој ден ке ја мијам косата ) поззз
Детски шампон било кој Џонсонс, Бекутан, Нивеа било кој од тие, исто добри се овие комунистичките Бреза, Коприва, Камилица, јас лани секој ден се миев со Коприва на Илирија и супер, влакно не ми падна а не ми се мрсеше, исто имаш Сајос без силикон шампон од 500 мл а за 200 и нешто денари, сите без силикон се лесни шампони и било кој друг што пишува дека е погоден за честа употреба, ако можеш да си дозволиш поскап погоре јас имам постирано еден шампон за честа употреба на база на бадемово млеко, совршен е за лето и море.