Препорачајте некое средство, ако користите, за расчешлување, ама од оние што не се плакнат/измиваат, значи не регенератор.
Спрејче.Имаш на Глис, на Шаума , Лореал имам сретнато. Цените се исти погоре подолу - под 200 денари.Всушност тоа ти е спреј-регенератор и не се измива може и си користела па знаеш
Овој спреј на Глис е најдобар. Јас сакам да прашам дали сте користеле некој од овие два шампона и како сте задоволни?
Во моментов користам шампон и регенератор од Dove, значи 2 in 1 е, и можам да кажам дека е прекрасен! Преубаво мириса, косата уште по првото миење е мека и свиленкаста, просто свети. Еве го:
Елсеве досега немам користено, ама овој Шаума со екстракти од памук за мрсна коса е булшит. Го користев на почетокот на годината и ме разочара многу. Прво дава така квалитетен лажен ефект на подобрување, косата не ми се мрсеше на два, ами на четири дена и така беше првите две до три миења. После исто ко да бев немиена. Грозно. Не би го препорачала. Подобро да го пробаш другиот.
Девојки, ги има некоја испробано овие новите што се на Syoss? Добри се? Мирисаат ли убаво? А ова во тоа тубата како крема што е?
Мене елсев белиот најмногу ми се погоди, шампонот, регенераторот, маската и спрејот стандардно ги користам
Јас пак го користам овој шампон бидејќи имам проблем со мрсна коса и навистина ми помогна. До четири дена можам комотно да не ја мијам косата а да не ми е мрсна. Незнам мене многу ми е добар, кога на пример ке снемам па ќе позајмам од братучедка ми друг со тој одма за пократко ми се мрси косата.
Devojki dali go ima nekoj koristeno GLISS zoltiot shampon, regenerator i toa sprejot za prskanje na kosata? toj sto e protiv ispukani vrvovi i dali navistina pomaga? fala odnapred ))
Дали некоја го пробала новиот шампон на Лореал, со микрочестички за сјај на косата? Импресии? Веќе кренав раце, ја мијам секој втор ден и помирена сум со фактот дека имам мрсна коса. Ама барем кога ја средувам постојано, сакам да ми биде мекана и многу сјајна.
^ Трендафилке, го немам пробано овој Лореал шампонот. Ама и јас имав проблем со мрсна коса, ја чепкав цело време и постојано ја миев. Колку повеќе ја миев нормално уште повеќе ми се мрсеше. Плус имав и перут така што ужас. Косата многу ми се среди од Head and shoulders шампонот за мрсна коса , нешто со цитрус е , citrus breeze мислам се викаше.
Бидејќи ме прашаа неколку феминки за шампонот што го купив од КАМ, Ла Лиње, да се изјаснам. Го купив тој за сува и оштетена коса, во тиркизно/светло сиво шишенце. Убавко мириска, не можам да дефинирам на што само. Шампонот мене ми е супер, вчера ми ја пофалија косата, ми ја стегна некако, не ми беше здивена... а ем дуваа ветришта. За тие пари е супер, мислам, 55 денари, едно кафе е поскапо од тоа. Ќе видиме како ќе се покаже за морската вода/хлорот.
Jaс пробав секакви шампони, секакви регенератори, се живо и диво ми правеше првут на косиштето, ми го бушавеше, лом. И си се вратив на бекутан.
Јас ги користам овие и сум задоволна. Имам сува коса и врвовите ми беа порано многу оштетени, но со ова се подобри. Имам пробано многу шампони и регенератори, ама овие некако нај ми се погодија и убаво мирисаат.