Како ми дојде темава во право време. Јас се изморив од потрага по совршениот шампон и му се предадов на Лореал розевиот. Но кожата на главава сеуште ми е раздразнета (од којзнае кои причини кои ни доктори неможеа да ги најдат ). Купив на два пати од Клеар шампоните, за мрсна коса и доста погодно ми влијаеа. За првутот не ми помогнаа, ама кожата не ме чешаше и косата не ми се мрсеше толку многу. После користев медицински шампон па ми се нормализираше и си се вратив на Лореалот. Проблемот е, што јас ги купив од СП пред повеќе од 3,4 месеци, а сега кога влегов од овие имаше само два вида на шампон. Ве молам, кај сте ги виделе, ако ги видете, пишете, сакам да им се вратам
и јас го имам користено, си купив шампон+регенератор+спреј+маска. После првата недела некако не бев повеќе задоволна, можда ми се навикна косата.. поим немам... па користев 2-3 други никакви ми беа.. па пак се вратив на овој жолтиов и сеуште не можам да си погодам шампон :/ само нешто пробувам 10 шампони ми се врткаат во вц и ниеден-заеден! шо не пробав веќе, сите ми ја прават безвеза косава..
Јас се уште сум во потрага по совршениот шампон. Долго време го користев Нивеата за плава коса, бидејќи се фарбам плава, ама после некое време почна ужасно да ме чеша главата од него. Сменив неколку други: Лореал, Пантен, Гарниер, Орзен и катастрофа се сите. Ми се создаде првут, што никогаш не сум имала и уште толку ме чешаше главата. Решив пак да му се вратам на Нивеата за плава коса, ама го нема веќе Се убив од барање, никаде го нема. Па во последно време го користам овој Нивеа против првут за фарбана коса и можам да кажам дека сум презадоволна. Првутот комплетно ми исчезна, а бојата (иако не е за плава коса) подолго ми се задржува. Покрај овој, го користам и овој на Eugene Perma за плава фарбана коса, т.е. против пожолтување на бојата Регенератор користам Keune, исто за плава коса и можам да кажам дека ми е добра оваа комбинација, иако Нивеата сепак не е баш тоа што сакам од еден шампон, ама врши работа сега за сега.
Овие шампони и регенератори беа одлични ,сега изгледа ги нема во oriflame или пак јас неможам да ги сретнам. :/
^ Ги нема во тоа издание, сменета им е амбалажата. А мене ми беа баш симпатични таквите шишенца, дури уште си чувам од регенераторот од кокос. Сега се вакви. И некако ко и формулата да им е сменета, тој со кокос ми беше совршен, а сега ми ја мрси косата. Това е това.
јас го користам овој шампон од коприва а регенератор овој, и навистина сум задоволна, особено од шампонот...
Јас имам нова љубов на тема шампони. Го дотрошив тој од Балеа со лимонова трева, па решив да ризикувам ради убавиот мирис на овој. Нешто како јаболко најверојатно Со лесна формула е (проѕирен) не ја затапкува косата, лелеава е и најважно мирисот останува и по 24часа и сушење со фен, пеглање... Најбитно утредента не се будам со тесто на главата, издржувам 3-4 дена
жолтиот глисс спреј е многу убав дури и пособар ми се гледа од црниот сега сакам да ве прашам каков е шампонот нека каже некој кој го има користено јас го користам црниот и не е лош па сакам да видам каков е жолтиот па искусни чекам да ми пишете
Го купив, го пробав... и само убави зборови (освен за цената нели, ама ќе му падне, дека е нов, па се чаламат сега). Косата е мекана, сјајна, лесно се обликува, а не натежнува шампонот поради тоа што нема силикон. Баш се чувствува лесна и лелеава. Е сега нема некој карактеристичен мирис, не ни очекувам искрено се' од еден шампон. Се уште сум во потрага по сјаен шампон, ама косата да блеска од километар... следна станица - овој шампон на Alfaparf . Го има и во ДМ, цената бајаги соленка, ама ако вреди, ќе се исплати. Засега овој на Лореал е добра зделка за тоа што го нуди, го препорачувам.
Ги користам и црниот и жолтиот шампон на Глис и сум по задоволна од црниот ми ја прави косата помека помазна,додека и жолтиот е убав ама не ја прави толку мека како црниот,а црниот дава и поголем сјај на косата.
Јас сакам да прашам дали сте користеле некој од овие два шампона и како сте задоволни? [/quote] Овај од loreal со аргинин го користам веке 2 месеци, преубав е, косата е свиленкаста, мека и се пофално арно ама таков е на мојата коса, а на другарка ми чија коса е танка и брзо се мрси му е кошмар-му ја мрси и слепува
Што се немам пробано, и пак ништо не ми одговара. Сега купив од дм шампон, сега за сега ми е ок па за понатака ќе видиме. Сум приметила дека сите шампони ми се добри првите неколку миења, а после пак ми е косата замастена уште првиот ден. Регенератор имам на Глис Кур ама и од него не сум задоволна.
Ги користам Pantene aqua light шампонот веќе подолго време и одлични ми се. Сега ми треба некој спреј или некој крем што не се измива. Ги користи ли некој спрејот или кремот од Pantene колекцијата? И ве молам препорачајте некој добар спреј/крем што сте го користеле.
Сакам шампон со мирис на цимет. Има некој таков да ми предложите? Цената, количината не ми се воопшто битни, само да има мирис на цимет, сакам така да ми мириса косата.
Ова се Орзене шампон и регенератор, или само шампон? Спојлер Ако е регенератор, кај може да се набави? Јас сегде кај што сум побарала ми рекле дека само шампони имаат.