Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шампон и регенератор

Дискусија во 'Коса' започната од A.srcuska, 7 април 2010.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    3.480
    Убаво кај што ме потсети :D , порано го користев овој. Да, ми ја правеше помека а за мирисот немам зборови :$
    А цената колку е ? :^)
     
  2. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    686
    јас го користев едно време и вистина ја прави помека косата а со него имав и еден спреј
    [​IMG]
    а сега го користам garnier ultra doux и шампон и регенератор и многу сум задоволна ем мириса косата ем е мека
    [​IMG]
     
    На Twetty.swetty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Коментар за шампонот? Дали е точно тоа што го кажуваат дека ги обновува оштетените врвови?

    [​IMG]
     
  4. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Го користев пред некое време, и немаше никаков ефект кај мене . Не дека имам оштетена коса, ама и не ми годеше на влакното, оној од кокос појќе ме бендисвит :)
     
  5. sweat.k

    sweat.k Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Mojata kosa e mnogu rascvetana i ostetena od peglanje. Dali vie mozete da mi preporacate koj sampon i subrina se dobri za mojata kosa. pozz
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ Ножички.
    Нема шампон и регенератор кои го решаваат проблемот со распуканите врвови, а штом ти е многу расцветана, лекот се ножичките.
    А како заштита користи си некои од спрејовите за коса, силиконски капки и таквимити работи. :)
     
  7. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    a regeneratorot na Gliss mi ja pravi mnogu meka kosata , a inaku mi e suva.
     

    Прикачени фајлови:

    • head.jpg
      head.jpg
      Големина на фајлот:
      33,3 KB
      Прегледи:
      279
    • creme.jpg
      creme.jpg
      Големина на фајлот:
      54,6 KB
      Прегледи:
      279
  8. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Да ве прашам - дали некоја го има пробано garnier ultra doux за мрсна коса, со екстракт од глина и лимон или цитрон, така нешто ко да видов на опаковката... :?: тие старите воопшто не ми се допаѓаа, ама овие се нови на Гарниер и прилично евтини.

    Не знам искрено со кој памет купувам се уште шампони за сува и оштетена, кога во принцип имам мрсна коса.
    Овие дополнително ми ја отежнуваат и мастат, а и нема некое фајде за оштетеноста, освен ножичка и капки.
    Патем друг добар шампон за мрсна коса?
    Никогаш не сум користела Хед ен шолдерс :?:
     
  10. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Некој коментар за шампонов ? :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Трендафилке, ако не си користела такви од типот на Хед ен шолдерс, Уош ен гоу, не ни експериментирај, поготово ако имаш нежен скалп.
    Мислам, јас имав многу лошо искуство со нив, па и со Пантен - ми беа прејаки и косата почна препрепремногу да ми опаѓа. :worried: Ужас беше, не сакам ни да си спомнувам и од тогаш бегам од шампониве ко ѓаволот од крст. :D
    Не дека и тебе би можело да ти се случи истово - не дај Боже, ама од тогаш ептен внимавам какви шампони користам. Единствено ми одговараат бебешките, детските, Орзен и Нивеа.
    Купував едно време од Орифлејм и Авон, ама за брзо време ми се презаситуваше косата.
    Всушност, таква ми е и косата - комплицирана, дури и повеќе од мене. :D
    Трошам едно пакување од Нивеа за мрсна коса да речеме и веќе кога ќе го купам второто шишенце, косата ми се мрси пребрзо, млитава е, ма ужас! :|
    До косава ли е, до што е !?

    Инаку и јас ги меркам овие ultra doux, рекламираа еден со вербена, со што ти знам таму, а и мајка викаше дека биле прилично ефтини, па следен ми е тој. Арно што те прочитав, ќе го барам тој за мрсна коса - и онака ќе ми треба нов, со Нивеата сум на пат кон откажување долгомесечно другарство :D , па таман ќе го тестирам овој и ќе пишам.
    Инаку, за мрсна коса најдобри би биле оние шампони што се проѕирни. Без силикон, светки-метки, такви ко млечни - нихт. Значи такви би требало да избегнуваме, зашто ете како што си спомнала - ја прават косата потешка и побрзо се мрси.
    Се мислев и за Сајос, оној без силикон, ама преголем ми е и ако не ми одговара, т.е. сигурна сум дека ќе потрошам 1/3 и ќе го шутнам, па мајка ќе ми го тресне од глава, онака елегантно. :angel:
    Да си пробаш со некој детски, колку да ја одмориш косата од малтретирања де со ваков, де со онаков шампон ?
    А ако има некоја предлози за други шампони наменети за мрсна коса, радо би ги прочитала, само нели, од старт во аут ми се Пантен, Уош ен гоу и Хед ен шолдерс. :$
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ И јас треба да сменам шампон, сега користам Дав и супер е, ама ете после 2 шишиња косата веќе ми се презасити. Сакам да земам некој детски, ама ужасно многу ја плеткаат косата. Ајде за врвовите може да користам регенератор ама овие и коренот ми го плеткаат. Едноставно после детски шампон и оние природните од бреза, коприва и сл чешел низ мојава коса не поминува!
    Сакам шампон што брзо се плакне и после се осеќа дека косата е чиста, а во исто време да не ја прави премногу сува :?:
    Глис убави ли се? Мислам дека го имам еднаш користено жолтиот ама ич не памтам дали ми се допадна..
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Ваш ен го земи си... не е јак шампонот и не ја плетка косата. Немој детски, може неппотребно прша да ти се направи. :)
     
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Имам пробано некои, со алое мислам, 2 во 1 и уште некој и сите ми прават ужасно многу првут :worried: Детскиот не ми прави никаков проблем освен што не можам да се расчешлам никако :sweat:
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас го користам, т.е. го користев до завчера. Мене не ми одговараше, брзо ми се мрсеше косата, ако претходно ја миев на 3 дена, сега веќе наредниот ден беше зејтиносана....одвратно. И ме чешаше цела глава како да сум фатила вошки. :tmi: Најискрено.
    Долго време, може едно 2-3 год. користев Хед енд шолдерс, и си реков ај да сменам нешто ново да пробам, не дека имав некој проблем со шампонот, чисто онака што би се рекло од збеслук....и се зафркнав. :fubar:
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас го купив новиот на Шаума, со арганово масло и навистина е преубав! Многу убаво ми ја направи косата и што е најважно не ми ја измрси, сега планирам и регенераторот да си го купам :)
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Пробај со спрејовите за полесно расчешлување на Глис. Една другарка имаше проблем со заметкана коса и си зеде таков спреј. Беше задоволна и многу ми го фалеше :D
     
  18. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    За мрсна коса не знам, по мое треба да избегавате да ја миете пречесто, барем на 3 дена ако можете зашто ја губи природната масност со пречесто миење.
    Хед анд шолдерс имам користено за проблеми со првутот и ми има помогнато многу, ама не треба да се користи постојано, оти е агресивен и не е за секојдневна употреба.
    Уош енд го - за мене се покажал кататстрофа, ми ствараше перут невидено. И Нивеа исто не ми одговараат.
    Лореал имам користено, ама откако дознав дека содржи состојки од силикон го откачив. Се што содржи ,,оне,, во состав позади на етикетата треба да се избегаваат тие шампони.
    Некое време користам Шварцкоф Глис шампони и сум задоволна. Најмногу од светло црвениот што дава сјај на фарбана коса, посјајна коса не сум имала во животот ко се фарбав. Косата ти мириса и ти изгледа многу чисто.
    Сега ко земав на Глис црниот оти многу почна да ми опаѓа косата, ама мислам дека се зафркнав ми го препорача продавачката, оти мене косата не ми е оштетена, инаку нормална коса имам, само ми паѓа многу, и сега не знам малку ми е страв да го користам да не е многу агресивен за мојата коса? (само еднаш се измив не можам да кажам резултати) :o
    А регенератор не користам.
     
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски

    Мене премногу брзо ми се мрси косата, па решив да земам детски ( поточно Johnson's земав, виолетовиот) и презадоволна сум во однос на тоа што ја прави мека косата, за расчeшлување ставам од Глис жолтиот, но :!: за мрсењето ништо не ми помогна, пак ми се мрси многу брзо (читај ден и пол), а баш мислев ќе ми помогне бидејќи нема силикони и триста глупости дека е за бебе, ама еве сега сум при крај па ќе си барам друго решение :worried:
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Јас со Бекутанот сум немала никакви проблеми со предвременото мрсење на косата и обично издржува два дена после миење, веќе третиот е катастрофа. Секогаш е така и некако што знам, оладив. :D
    Таква ми е косата, јас уште си барам некое препаратче, шампонче, било што кое ќе помогне против мрсењето, ама тоа е. :)
    Инаку и овој Џонсонс бејби ми е на листата, првенствено поради тоа што мириса на лаванда (така беше, нели?), а јас обожавам лаванда и веќе кога не можам да си најдам шампон што мириса на цимет, ќе се задоволам ако косата ми мириска на лаванда. :D :$