Јас би ти ги препорачала медицинските шампони против првут, особено на Ducray - има за различни видови првут - кај сув или мрсен скалп, за машки, за женски. Малку се поскапи, ама не се ни мали. Освен тоа, искуството ми е позитивно. Од 10 луѓе што ги пробале, сите 10 се задоволни. Јас лично сум немала таков проблем (освен со Head and Shoulders - колку само сум се зезнала со тој шампон ), ама моја многу блиска братучетка со години имаше проблем со првутот, ем долга коса, ем и се мрсеше. Немаше што не пробала, ама со Ducray дефинитивно си го реши проблемот.
Јас веќе го земав овој. Еве веќе 3 пати се измив со него и се чувствува некаква разлика. Поубава ми е косата и првут забележувам помалку има на облеката. Па ќе видиме дали скроз ќе го снема. Веќе глава неможам да кренам од него, знаеш како грдо изгледа на црна облека Ако не бидне ништо ќе го пробам Ducray ! А колку пари е од прилика ?
^^Да не те излажам, ама мислам дека братучетка ми го зеде за нешто повеќе од 600 ден. Знам дека го гледав во Зегин. Инаку, ако ти помага Нивеата, супер. На братучетка ми не и помагаше ниеден од овие обичниве шампони што се против првут, па мораше да го земе тој. А и другите се фалат.
Дали некој може да ми препораче шампон за права, без волумен, ретка и често мрсна коса... ?? Head and shoulders не помага Wash in go ствара првут. Pantene ми е последниот ама веке вториот ден ми е мрсна.
Најдобар е мора да го пробаш. Кај мене и по 5 дена косата е иста како и првиот ден кога е измиена со овој шампон и дури сеуште се чувствува мирисот.
Имаш ли пробано со шампонот од авон против првут?Премногу помага,барем на сите околу мене и тоа после 2-3 миења веднаш ќе приметиш дека скоро и немаш првут,пробај не е ништо поскап од нивеа,а ако го начекаш на попуст околу 180 денари е шише од400мл пробај
И јас би ти го препорачала НИВЕА, не ми стои 5 дена, ја мијам секој 3 ама убава ја прави косата. Можеш и регенераторот да го купиш, а за да не ти биде залепена (бидејки ти е нели многу ретка) потребно е да ја фенираш после секое миење....
Ви го препорачувам Shauma шампонот и регенераторот за обнова и нега златното пакување 3 години го користам и задоволна сум
Девојки дај препорачајте ми екстра ХИДРАТИРАЧКИ шампон!!! Досега користев брезов шампон, мн сум задоволна од него, но сакам да сменам малку, па пак ќе се вратам по старо! Да не биде нешто екстра скапо, пошто сме во теснец !
Dove шампон и регенератор Презадоволна сум и не би ги менувала.Имам пробано многу шампони и во Dove го најдов решението за косата. Инаку,можам да кажам и дека Pantene не се лоши.Сум ги користела претходно.
Шампон и регенератор: Orzene од Пиво. Ја прави косата мека,сјајна и не се мрси брзо. Мене ми помага,па не е кај секого исто
си го купив GLISS светло розевиот шампон и регенератор и многу ми се убави.. мислам дека никогаш нема да ги сменам
Имам нов шампон од кај мојата фризерка, и' го носат доставувачите на препарати за коса. Од италијанска фирма е AllWaves, се вика Yellow Stop, наменет за плавуши, чија боја на коса има тенденција после неколку миења да прејде во жолтеникаво-пченкарна. Значи против жолтило е, се става мала количина после обичниот шампон и се остава да делува неколку минути. И прамените се сивкасто-бели, искрено е спас за плавуши. Фала ти фризерке, фала ти Боже, на сета мака да ја осветлам косата, за малку ќе кренев раце и ќе се затемнев скроз...
Девојки имам многу густа и долга коса па ако може да ми препорачате некој регенератор или шампон за полесно чешлање на косата,ептен се изнамачувам додека да ја исчешлам фала однапред