Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шампон и регенератор

Дискусија во 'Коса' започната од A.srcuska, 7 април 2010.

  1. kikiritka89

    kikiritka89 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Јас користам нивеа и задоволна сум. Косата ја мијам на секој 2 ден и не сум приметела да ми се мрси.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Да Трендафилко смотана, еве јас ќе ти одговорам, :wasntme: се затрчав прееска да не останам покусо и го купив.
    90 ден. 250 мил. никаде нема слика, еве ти го сликнав.


    Убаво мириса додека се мие косата, но после сушењето со фен веќе не се чувствува мирисот.
    Тешко се расчешлува, бидејќи јас го употребив само шампонот, без дополнителен регенератор, маска или спреј.
    Врвовите изгледаат малку суви, и косата се електризира малку при сушење, ама после е сосем ок.
    Ќе видиме каков ефект ќе има до утре, вака на прво миење поделено ми е мислењето, комси-комса.

    Значи јас барам шампон со кој ќе ја измијам косата накај 18 часот денес да речеме... утре кога ќе станам да биде поднослива, ама преку целиот ден... и да ја измијам задутре сабајле.
    Нецели 48 часа, тоа го барам. :(
    Од фризерката инаку слушнав дека бебешките шампони интензивно ги сушеле врвовите на косата. Она не ми ги препорачува.
    Меракот го имам единствено удрено на оној на Џонсон, бел со двојна хидратација. Не ми изгледа толку агресивен.
    Инаку овој на Гарниер не содржи парабени и силикон, ако тоа ви значи нешто.
    Ќе пишам дополнително каков ќе се покаже до утре.
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_3487.JPG
      100_3487.JPG
      Големина на фајлот:
      185,8 KB
      Прегледи:
      487
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Тогаш купи си го Шаума од памук, косата ќе ти биде иста како одма кога си ја измила и до 48 часа... јас го користев тој и навистина бев задоволна :) Сега пак шаума ама сменив тој новиот со арганово масло...
     
  4. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Морам да го пофалам црниот од Глис, онај со мирис на чоколадо :wasntme: Најдобар досега!!!
     
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Што мислите за овие? :D Убави ли се? Сакам да си ги купам ама незнам какви се :wasntme:
    [​IMG]
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Го купив тој самошто излезе и не ми одговараше.
    Едвај издржуваше 24 часа до вечерта, мене лично косата ми ја правеше тесто.
    :(
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    11.798
    Пол:
    Женски
    Го користев овој шампон можеби една година и сум презадоволнa

    [​IMG]
    Во Кам пред некое време видов и шампони на la ligne. Од нивните гелови за туширање сум многу задоволна, едино од нив не се чешам, па го земав шампонот. И презадоволна сум. 59 денари, 500 мл. Косата уште по второто миење ми стана многу помека и посјајна. Мирисот не му трае долго, ама мене маската ми врши работа за тоа.
    Еве, го сликнав, не можам да најдам слика



    А маската на Орзене за ништо не ја менувам.
     

    Прикачени фајлови:

    • Image1665.jpg
      Image1665.jpg
      Големина на фајлот:
      192 KB
      Прегледи:
      398
    На Mishela и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Прочитав добри коментари за шампонот на Афродита од кокос, и го земав. Мека ми ја прави косата ептен ама една голема мана има што пак ми се појави првут од него.
    Сакам нејќам пак ке си се мијам со сапунот од катран.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Дали го имаш пробано на Нибеа пјур баланс?
    [​IMG]
    Мене исто, мн брзо ми се мрси, ај што се мрси, ама кога ќе ми се заплескаат шишкиве на чело |( Сега го земав шампонов и стварно сум изненадена. Втор ден ми е, ако бутнам прсти во коса, се осеќа дека е мрсна во коренот, ама не се приметува на изглед. Ми ја држи формата, како да сум фенирана, обликувана е косата, шишкиве ми се супер, а ја миев завчера вечер (околу 10)
    Само јас и мојава осетлива кожа |( почна пак да ме чеша. Ќе треба да се вратам на Дав, некако ми ја смири иритацијата.
    Иначе, после секоја капка надеж што ја имав, денес одлучно твдам дека Елсев веќе не ги бива за ништо!
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Мојата најнова љубов... :inlove:


    [​IMG]
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Убаво мириса овој на Нивеа? :$
    Типувам дека кога ќе го потрошам дајмонд глос, дека ќе се презасити мојата шупава коса, па да сменам. :)

    А Трендафилке, ми се чини или навистина си повеќе незадоволна, отколку воодушевена од шампонов на Гарние(р)? :?:
    Ми мириса дека ќе купам сосема трет на крај. :lol:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ^ Не е лош, ама не е ниту предобар.
    За парите таман.
    Значи ја миев косата завчера накај 20 часот и беше ок до вчера тоа време.
    24 часа, толку му е силата.
    Сабајле веќе косата ми беше масло, ја врзав, среќа никаде не требаше да одам посебно, и еве сега ќе ја измијам пак.

    Па како да кажам... сум имала шампони со кои 2 часа после миење коренот е веќе одвратен... да не зборуваме за следното утро.
    Ова барем издржа цел еден ден.

    И јас ќе го пробам овој на Нивеа пјур баланс. :) Откако ќе го дотрошам Гарние, не ми се џитка.
    А дечко ми ме напнува да си земам коприва на Илирија, ќе ми бил супер :D да сум им верувала на комунистичките шампони повеќе. Оној ретрото, зелен со бело капаче.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Јас со години, а кога велам години мислам веќе 8-9 години користам регенератор на Нивеа. :) Косата моја е топ, море топовини, навистина не можам да се пожалам. Се пеглам редовно преку еден ден, и крајчињата ми се како нова четка за сликање. Дали мојата коса е таква, дали навистина Нивеата е толку квалитетна, не знам.

    За шампони приметувам дека какви и да користам, што и да правам, по ден, два, косата мора да се измие и тоа е тоа, нема бегање. Евентуално ако ја врзам. Значи такво време е денес, загаденост, мрсна храна, нема бегање од мрсна коса. Среќа наша па можеме да си дозволиме редовно да ја миеме.

    И не поштувам кога ќе ми речат, имам мрсна коса, морам да ја мијам на секои три дена. Абе ало, три дена така ли ќе шетаме. :devil: Мрсна коса е мрсна и откако ќе се измие, знам за другарка, ја мие, ја суши, по саат-два, зејтин на глава... а не по некој ден од миењето. Тоа веќе е НЕЧИСТА коса, а не мрсна. |(
     
    На Springy и Mishela им се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Трендафилке на почеток колку и да ти се чини невозможно сепак пробај да го пролонгираш времето на миење на коса.Премногу често миење предизвикува поголема работа на лојните жлезди .Пожелно е коса да се мие најмногу два пати во текот на една недела,во спротивно ефектот ќе биде обратен.Пробај еден месец да ја миеш секој втор ,па наредниот месец секој трет ден и верувај дека се ќе се среди.Кога е многу мрсна или денот кога треба да ја миеш стави и бебешка пудра во прав,остави ја 5-10 минути и потоа убаво исчешлај ја.А што се однесува до комунистичките шампони и препарати некако и јас почнав повеќе да им верувам
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Дузи, на место ти е муабетот, еве гласче и од мене за регенераториве. Јас доолго време (ама одамна тоа) го користев регенераторот на Нивеа за плава коса. До душа, за обоена беше, ама ми вршеше супер работа. И преубаво мирисаше, со некој додаток од пченка ли, од што беше не се сеќавам ич, ама мислам дека веќе го нема, или му го смениле пакувањето.
    Можеби сега е ваков.
    [​IMG]
    Сега гледам дека воопшто не ми одговарал - не сум фарбана, ама одлично си ја обавуваше должноста. :D
    Не можам да се одделам од маркава, па колку сака нека е неквалитетна со одредени производи.
    Изгледа дека ептен ме привлекува сè што е германско, си гаам посебни симпатии кон фирмиве. :$
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    бев сеа да го мириснам :D Ако мислеше дали мириса косата отпосле убаво, не би знаела да ти кажам. Мојава е тешка за чешлање па користам спреј од Субрина, оној што не се плакне, па на него ми мириса косата. Иначе додека се шампонирам, убаво си мириса :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Нај правилно и нај здраво е шампонот и регенераторот да бидат од иста фирма (или шампонот и маската).
    А бидејќи јас моментално користам Head & Shoulders, не верувам дека ќе најдам соодветен регенератор :D
    Уште малку и ќе го сменам, ненормално опаѓа косата од него, колку сака нека е убав, јак е многу, та се чувствува кога го нанесуваш дека буквално те гори (барем мене).
    Наредно, сакам да си земам Pantene. Сум користела порано, добар е. Може и да ми препорачате некој што ве воодушевил, не е проблем! :wasntme:
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Кравче душкало едно, ме изнасмеа, можам да замислам да се симнам специјално до продавница, да душнам што ме интересира и да си се качам горе. :rofl:

    Ричи, ако ти паѓа сега косата, нормално е! Косата паѓа (барем мојава) првите недели од септември, ќе падне што падне и после си тера по старо. Е ако е подолго време, барај си чаре, не е до периодот.

    А смеам тука да прашам дали некој го користел тоа средство од Шварцкопф против топлина? 200 и нешто денари е, одамна го меркам, со портокалова пумпица. :?:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не ми паѓаше, откако користам head&shoulders заприметив дека на чешелот оставам повеќе влакна од обично.
    А уствари заборавив дека ова е таков период бе, вистина, се погоди периодов со шампонов. Опасна комбинација :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Тоа и ме интересираше, имам терсене коса и мирисот од никој шампон не ми се задржува, па се помирив со тоа. Барем додека се мијам да ми мириса на убавко. :wasntme: