И мене почна да ми паѓа коса пред некој ден а немам сменето ни шампон ни регенератор ни маски. Сега кога видов дека сте коментирале дека е нормално ми текна дека секогаш овој период ми паѓа повеќе
И мене ме зафати есенското паѓање на коса Има одвишок, среќа, али кај да поминам оставам влакна позади мене
Jас регенератор никогаш не сум користела. Mаска - да, балсам на врвовите - да. Hеговата функција е ко маска? 3атоа што видов на упатството дека по миењето треба да отсои 5-10 минути, па да се исплакне косата. Kој го препорачувате ајде да речеме за оштетени врвови? Hе барам којзнае какви чудотворни ефекти и да ми ја претвори косата во свила, ама ако има ефект ко на маска (што на мојата коса не смени ништо) - подобро парите за друго да ги дадам. A оној на глис, гледам тука многу не го сакате ... Tој каков е?
Лил, балсам и регенарот е исто,се става на врвовите до половина за да се спечи спрлеткување и полесно да се чешла Се остава 5 минути колку да делува нели, маска обично повеќе се остава и е повеќе за сува и оштетена коса.
Energy shampoo-ALFAPARF. Шампонот е наменет против опаѓање на косата со витамински наносфери, АХА киселини, морски и растителни комплекси и олиго елементи. Има специфичен мирис кој не можам да го дефинирам, но е многу пријатен и делува освежувачки. Нешто потечен од останатите шампони и потребна е значително помала количинина од вообичаената. Резултат-косата е прекрасна и мека ко свила, лесно се обликува. За мене најважно е што скалпот го чувствувам толку чист што доволни се две миења неделно (со друг шампон секој втор ден). Имам некое чувство на леснотија на главата како досега незнам што да сум имала на скалпот. Illuminating conditioner - ALFAPARF. Кондиционерот е со дијамантски микрокристали што треба на косата да и дава дијамантски сјај. Добар, е косата е посјајна од порано, но чекам потврда од страна. Заедно шампонот и кондиционерот чинат околу 700 денари, но бенефитот е здрава и сјајна коса која не се масти и нема потреба од често миење, помалку средства за стајлинг.
Peppermint, од кај ги купуваш шампонов и регенераторот? Во Космо ги има? Мене очајно ми треба шампон против опаѓање на косата, сега овој преоден период од лето кон есен засилено ми паѓа.
Јас ги купувам во ДМ, а ги има и во Космо. Мислам дека во цената нема разлика. Плавата колекција на алфапарф е наменета против опаѓање на косата. Очигледно е дека го подобрува квалитетот на косата,но во однос на опаѓањето сеуште нема некое драстично подобрување. Има и некои ампули од истата колекција.
Девојки сум користела милион шампони... Пред извесно време со го купив Syoss лилавиот и не можам да ви опишам колку сум задоволна. Косата ми е како нова. Порано косата многу бргу ми се мрсеше. Од кога ко користам овој не ми се мрси толку како порано. Со задоволство би ви го препорачала
Го купив пред недела дена, се измив се на се 3 пати и ич не сум задоволна. Мириса многу убаво и мирисот трае додека не ја измијам пак, значи 2-3 дена. Лесно се плакне, што мене ми е многу битно, остава некое чувство на чистота ама мислам дека не ја чисти баш најсјајно. Дефинитивно не дава волумен, а не ни очекував. Не ми ја суши косата, ама кожата ужасно почна да ме чеша. Така да.. сега пак во потрага по ново...
За сите што имате проблем со мрсна коса, пробајте го од Pantene aqua light. Во друга тема пишав дека не би го купила повторно , и навистина не би, но затоа што мене ми ја сушеше косата доста, затоа што често ја мијам на брзање и не ставам секогаш балсам/маска. Ако сте поредовни од мене у тој поглед не би требало да имате проблем. Ама што се однесува до проблемот со мрсење - си ја вршеше работата солидно,косата издржуваше дури и два дена. Тие што имате мрсна коса знаете колку многу е тоа. А и мириса ПРЕКРАСНО, на чисто и на свежина, ова е единствен шампон на кој мирисот му трае на сува коса, еден цел ден.
Дали тоа од Лореал е шампон или регенератор?Немам сретнато досега таков од Лореал па ако можеш да пишеш и дали е добар?
Регенератор е и многу е убав, омилен ми е. Косата ја прави многу мека и сјајна, не ја сплескува, лесно се расчешлува. Од Веро го купувам. На него пишува L'Oreal Elseve, а на овој Elvive ама истиот е.
Презадоволна сум од шампонов. Преубава ми ја прави косата, има некој киселкаст интензивен мирис. Портокаловиот во средина.
Предходно го пофалив Sleek and shine, сега ќе го пофалам Color Resist со масло од грозје и аcai . И двата го имаат истиот ефект . Иначе не сум фарбана, иако шампонов е за фарбана коса мислам дека нема врска. ^heart.stealer Пробајго овој ако си фарбана, па види како ќе ти одговара
Девојки, кажете ми некој добар, ама стварно добар шампон за волумен? Сум пробала се’ и сешто, ама џабе, косата ми се сплескува после неколку часа откако сум ја измила. Имам тенка коса инаку Не ми е многу ретка, но имам многу тенко влакно. Ми треба некој шампон што ќе ми ја подигне косата од коренот. Постои такво нешто?