Женски ве молам за помош, дали некој го пробал новиот шампон на Шаума, без силикони?? како во сино со бело паковање е и дали ви се допадна?) се двоумам меѓу тој и овај РЕЦЕПТ на субрина шо е за опаѓање и за побрзо растење ве молам советт !)))))))
Дали некој има користено шампон против првут на Eucerin,за чувстителна кожа на главата?Имам проблем со себореата овој период од годината,ми се појавува црвенило и чешање,па би сакала да прашам дали ќе има дејство освен за првутот и за овој проблем
Конечно ми текна името на регенераторот. Престанав да користам регенератор неколку години (користев маска) ама сега пак ќе се вратам на регенератор. Балсамо Кареза- презадоволна бев кога го користев. Се надевам сеуште го има, без смената формула и квалитет.
Моментално го користам овој шампон. Од сите Глис шампони овој до сега најдобро се има покажано за мојава коса. Задоволна сум сега за сега. А кога станува збор за регенератор овој го користам месеци наназад, ама следен пат ќе купам од жолтиот.
Колку феминки од вас го имаат користено регенераторот на Diploma? И дали сте задоволни од него? Не можам да најдам слика на нет. Црн е со портокалова пумпица. Го видов пред некој ден и искрено цената беше таа што ми го привлече вниманието, па ме интересира дали вреди за парите.
Спојлер Го најдов овај регенератор во Тинекс, 70 денари а 500мл. Квалитетот е ист како и порано, а богами за овие пари и то како се исплаќа. Многу убава и мека ја прави косата Препорачувам :up:
го земав јас овој, цената му е смешка невидена, а плус од коприва е, од бреза немаше, и таков ќе си земам. Eдна фризерка на времето, пред неколку години ми кажа дека од овој најбрзо растела косата, а што е ефтин-преефтин и тоа му е огромен +
Ќе сакате да ми предложите некој добар шампон за сува и оштетена коса? Ја шишнав пред 1 недела ама џабе многу ми е оштетена косата, а сега го користам wash & go ама некако не ми се свиѓа ич.
Моментално го користам шампонот на La ligne Од кам и е многу убав,ајде некоја препорака за маска за да го комбинирам,само не глисс.
Aу мене па ме фаќа главоболка од овој шампон,мислам од јакиот мирис.Јас неможам да поднесам јаки мириси,затоа најубави ми се бекутан бидејќи имаат многу нежен мирис. А и косата не ми беше ништо подобра во однос на други шампони кои претходно сум ги користела.
Дојдов на темава само да искоментирам за тој шампон, досега имам користено доста различни шампони , и веќе подолго време го користам на Лореал шампонот и сум презадоволна. Но пред некој ден во ДМ земав од шампонот и регенератор на Балеа ( конректно кафенo-златен што е ) и само што ја измив косата со него и сум пријатно изненадена. Шампонот е 99 денари 250 мм , исто и регенераторот . И косава ми е прекрасна барем сега, незнам дали брзо ја мрси и такви работи. Но само што ја исушив и е како свила , искрено ако се покаже добар во однос на тоа да не ја мрси брзо косата и сл. ќе почнам редовно да го користам . За џабе пари е... Морам да го пробам и серумот ... А ме интересира дали некој го има пробано шампонот за суво миење на косата од Балеа?
Јас го имам шампонот за суво миење од Балеа. Супер е. Преубаво мириса и одлично си ја врши работата. Нема да згрешиш ако го земеш.