Веќе подолго време ги употребувам шампонот и маската на Orizene beer за масна коса и можам да кажам дека сум задоволна од нив.
Го имам и шампонот и регенераторот ама некако чудна ми ја прави косава крута на допир, и не ја чисти убаво еднаш ставив и го оставив еден плус не ми ја мрси косата Нема којзнае каков Волумен ама после миење косата ти е сјајна и лесна и многуу мека
Dali nekoj ima koristeno Subtil sampon za kosa i kade go ima vo Sk? Zosto vo prilep go nema i ne znaat deka postoi voopsto
Јас не го препорачувам апсолутно ич. Ми отидоа во канта парите, баш, шампонот и регенераторот во ѓубре. Се разочарав. Имам здрава коса, не фарбана и немам потреба од регенератор зошто лесно ми се чешла, ама кога го купив шампонот ај што не ми се чешлаше, ми се плеткаше ептен. Искинав поголем дел од косата една недела што ја миев. И отидоа во канта. Не знам вас како ќе ви е, ама мене не ми одговараа ич. Си се вратив јас на стариот и добар Dove, не експериментирам повеќе.
мајка ми ми спомна некој регенератор Генера од кокос неможам да го најдам на интернет како сте задоволни ? има ли таков шампон ?
Овој шампон Baliea што повеќето од вас го фалат добар е?Исто и регенераторот? Се мислам дали да го земам
Сигурно мислела на ова. Јас го имам користено, мене ми е убаво затоа што добро ми ја разчешлува косата
Дали некој има пробано од шампоните на Алверде од ДМ? Сакам да купам ама не можам да се одлучам за кој?
Пред некој ден ги купив шампонот и регенераторот по втор пат, а да купам шампон по втор пат ми се случува многу ретко, постојано ги менувам затоа што од ниеден не сум нешто многу задоволна. Но овој шампон, заедно со регенераторот, супер си ја вршат работата. Локните ми се одвоени и косата не ми е премногу мека, што можеби е чудно да се чуе, но витканата коса не треба да е премногу мека затоа што во спротивно се растресува и станува frizzy. Има и спреј, серум и крем за локни и наскоро сакам и нив да си ги набавам Можеш да ги најдеш во DM и и шампонот и регенераторот се по 100 денари што е супер цена, па и да не ти се погодат, не губиш многу.
http://www.google.com/imgres?q=orze...0&start=26&ndsp=33&ved=1t:429,r:18,s:20,i:189 Најдобар е дефинитивно Orzene
Oткако пробав се и сешто,се префрлив на бебешки шампони.Регенератор ставам ретко,најчесто на Субрина,не е лош ,косата ја прави мека а и има убав мирис. Порано користев Бекутан шампон од бебешкиве,откако го пронајдов Baby Love oд ДМ,се заљубив во него Косата е свиленкаста,со волумен и мирис кој трае.99ден за 250 мл.Мислам дека никогаш нема да го сменам,со оглед на мојата тенка коса која секојдневно ја мијам,овој со камилица и пантенол е дефинитивно број 1. За разлика од Бекутанот,ми ја правеше безживотна косата,наелектризирана,дури и мирисот се губеше.Мислам дека квалитетот не им е ист откако им ги сменија амбалажите
ова не ми се верува јас пак мислев којзнае каков регенератор мајка ми ми вика некој италијански ова евтино производче толку да врши работа ??? на ќерка ми косата и ги среди локните повиткана и се направи мајка ми кога ми ја донесе мислев шишана е и на мајка ми и ја виткала оваа маска не ми се верува овој производ да биде поефикасен од поскапите маски абе Италија си е Италија треба повеќе производи да набавуваме еден професионален фризер ми кажа само италијанско ништо друго
Јас со години ги користам шампоните и капките за коса на АВОН.Одлични се за мојата коса и многу сум задоволна.
Конечно најдов слика од мојот нов ако некој може да ја виде Многу е убав. За регенератор субрина со сојни протеини ја прави мека неверојатен е.