Го има во Веро, Рамстор, за Тинекс не сум сигурна. Пакувањето од 400 мл е 300 денари, има и помали ама цената не ја знам има повеќе врсти, за нормална, фарбана и шатирана коса, за волумен... Инаку сите се против првут. Мене мн ми помогна да се отарасам од првутот, еве веќе 2 години имам чиста коса и што е најважно не ми се мрси толку брзо
Месец дена користам регенератор што не се измива на Авон.Мнгу убава ми ја прави косата ,не ми спласнува ,постојано има волумен.АМа во овој каталог ги нема ,па ќе морам да се навратам на белиот Елсев ,тој ми одговараше најмногу.
Прво го користев овој, и бев супер задоволна. Ама во последно време, 15 минути и да ја тријам со шампон, пак ми беше мрсна. Не беше до мене, навистина ја триев, а пак беше мрсна кога ќе ја исушев. И почна многу да ме чеша кожата на главата. Изгледа ми се засити веќе. Спојлер И баш завчера го сменив. Се вртев низ продавницата, ама пак изборот ми падна на Гарние. Овој е 51 денар по евтин од тој горе. Oд првото миење сум задволна. Само многу е течен, јас како што сум навикната со овој горе, цело време да ми пртка, и да го стискам 5 саати... Овој кога го притиснав, ми претече. Одма се направи пена, ама одкако ја исплакнав, ме фати паника, стана сува-барут. Исто како да е мрсна, а да не правиме муабет, кога ми се заплетка цела коса. Си ја испокорнав, мислиш месец дена ја немам чешлано. После кога ја сушев, таман беше. Мазна, за мерак. Само многу плеткава. А богами, и од сабајле кога станав, не ми беше џвакана како по обичај, ми беше многу по права. А да не правиме муабет за мирисот, колку е убав. Другите можеби не го чувствуваат, ама јас и те како... Башка, јас кога се враќам од школо, обично ми е цела наелектризирана, затоа што не ја чешлам во школо, и цела разбушавена. А денес кога се вратив, по прибрана ми беше. Само да се надевам дека после неколку миења, нема да ми се појават корки, и дека нема да ми стане сува. И се надевам нема да останам со 5 влакна, о толку корнење. Спојлер
syos imam probano poveke plaviot,rozeviot no iskreno portokaloviot e najubav spored mene.imalo nekoja akcija na syos vo tineks jas gi kupuvam sekogas 250-260 sega bile 190 taka na rabota slusnav kolku e tocno ne znam.
Елена, земи си и регенератор или маска - нема да ти се плетка толку, а нема ни да ти се суши. На скалпот ставај повремено некое од тие чичково, бадемово, кокосово итакамунатаму масла и нема да ти се прават корки и првут. За полесно да ти се чешла ставај некое спрејче, има низ каталозите на Авон со поволни цени, или пак Глис. Макар да не користиш спрејови, маска/регенератор и маслата практикувај ги и веднаш ќе забележиш промена.
го користев афродита шампонот за коса и тело и сум презадоволна. ми ја правеше ептен убава косата, мека и не ми се правеше првут. е сега, од рекла-казала разбрав дека исто од шампонот афродита али од коприва или тој од лук косата побрзо растела а шампонот го давал истиот сјај како тој од кокос. па да ве прашам за искуство, дали некоја од вас користела некој од тие два,коприва или лук и како е задоволна?
Дали може да се најдат шампони на природна база во маркетиве или само во фризерски салони и слично? Затоа што и те како ми е потребен таков шампон ама не знам каков да барам и дали воопшто има за да барам
Има периоди кога косата многу ми се перути и проблемот брзо го решавам со овој шампон од коприва, најефикасен ми е за првут, но косата после миење ми е како памук а не сакам да ставам многу често маски и регенератори оти брзо ми се мрси...така да, добар ми е само за првут. Овој на лореал и дава на косата волумен и лелеавост и идеален би бил да не ми ствараше првут ненормално многу... Пантен аква...два дена после миење косата за чудо воопшто не ми е мрсна, но нема волумен, го слепува моето и онака тенко влакно и ја суши многу косата, воопшто нема живост во неа... Знам дека само од шампон без дополнителни препарати не можам чуда да очекувам, но сакам да ги сведам на минимум...и сега сум со намера да купам еден за кој најдов многу добри рецензии на нет па ќе ве известам
После милион испорбани шампони,вакви такви,за волумен,за тенко влакно за не знам што ти уште не,се задржав на оној најобичен шампон од коприва од Илирија. Најзадоволна,косата мимириса нежно,не се мрси,нема првут и што е најважно не ми паѓа.
Моментално го користам Fructis pure&shine шампон од кој што не очекував ништо посебно,го купив дека е без силикони и заради тоа што ја ,,омекнува'' тврдата вода,а и дека сакав шампон што не е кремаст. Косата ми е свиленкаста,убава,постојано добивам комплименти за неа. Е сега,шампон како шампон,без регенератор,маска и спрејче не знам како би реагирала мојава коса,но вака одлично си ја врши работата А и во врска со мрсењето не знам,зимава продолжив да си ја мијам секој втор ден,па немам забележано ништо.
И јас купив шампон на Гарние(р). Овој го зедов. Прекрасно мириса, овошно и свежо, ама без маска не се осудувам да тестирам било каков шампон. Ставам маска Орзен и спрејче за врвовите, зашто ја пеглам косата и да има некаква заштита нели. Проѕирен е и лесен, не би требало да придонесува за дополнително мастење, ама ќе го видиме. Инаку, првичниот впечаток е така-така. Косата ми има убав волумен, не ми е разлетана и мириса на цитрон, не проветреа мирисот, а се бачкав и во кујна. own: - за регенераторот од Авон, оној со мед и брусница. Некако ко повеќе да ми ја мрси косата, а ставам само на врвовите. Ќе му дадам шанса после празниците, сега немам време за ризикување.
Истите впечатоци за регенераторов. Ме привлече комбинацијава и го порачав,ама едно од поголемите разочарувања ми е. Мене не ми ја мрси,ама ни ја отплеткува,ни ја храни,едноставно нема никаков ефект.Па дури мирисот од Фруктисот повеќе се осеќа,одколку од ова.
Oвие Herbal Essence се значи најдобри,кој знае колку шампони имам пробано но овие се најдобри,а имаат и пристојна цена. Hе знам во Mакедонија дали ги имаат,ама ако случајно ги видите да грабнете еден прекрасни се. A последно го користев Mоrrocan Oil Shampoo,го користам и маслото за коса и тоа е одлично,шампонов не е лош,многу убава ми ја прави косава,баш како фризура да имам,дури кога го користев нон стоп добивав коментари колку ми е убава косата,но ужасно ме чеша косава од шампонов и првут ми прави,како вошки да имам ме чешаше Tака видов не видов им се вратив на Herbal
Јас ги користам силиконските капки супер се, а шампоните и маските ги немам пробано ако ги препорача некој зошто да не?