да,ние ја користиме колекцијата на la ligne,и е одлична.само ќе внимаваш зошто има и шампони за машки
Може да ми прапорачате некоја колекција за виткана коса,не можам соодветен шампон да си најдам за моево косиште
Пред некој ден го земав шампонов и никад више не планирам да го сменам, значи преубав е и не е сакам 96ден 1000мл. и регенераторов совршен е и цената му е супер 85ден.
Јас ги земав шампонот и регенераторот на Балеа за плава коса штое во ДМ... ми се допаѓа тоа што нема силикон во себе, а и онака ми се погоди некако....се надевам дека нема да имам потреба да трагам по нов во скоро време... иако овие на Афродита ми се примамливи и би сакала да пробам....
Јас користам само head&shoulders бидејки од било што друго ненормално ми се прави првут. Иначе имам проблем со мрсна коса, има ли некој лек за тоа?
Дај кажете некој шампон против првут за тенка коса,користам head and sholders па сакам малку да сменам пример:пантен,нивеа предложете некој( за тенка,слаба коса) Исто како тебе jagoda1979 Сега ми текна а овој wash and go користи ли некој?Има ли таков против првут?
мислам дека wash and go прават првут многу и тоа сите видови, порано ги купував бидејки се поефтини, сум го пробала и тој што е против првут, па и со него мене ми се прави првут, незнам на друг како делува
Си зедов од la ligne (читај КАМ ) шампон за регенерација на оштетена коса. Морам да нагласам дека сум прилично задоволна со оглед на цената. Со промената на пакувањето е променет и квалитетот, но за разлика од многу случаи, овде е на подобро. Да дека го користам со многу други препарати но сепак, добар е. (им ја модифицирав сликата да не иде со се реклама) Се работи за зелениот. И описите на сликата не одат по ред со сликите од шампоните.
Последен пат го купив овој на Herbal Essences но почна многу првут да ми се прави незнам дали ми се презасити косата инаку стварно преубаво мирисаат шампониве сега ке го пробам овој денеска го купив
Ова е најдобриот регенератор што сум го ставила на глава во животов!! Косата ја прави мека за 10 секунди и можам да ја исчешлам без проблем. Мене страшно многу ми се уплеткува а со регенераторов немам проблем за расчешлување.
Еве сум да пишам резултати од црниот шампон на Глис. 4-ти ден како не сум ја измила косата и нема ни м од мрсно. Претходно ми се мрсеше косата на 2 дена но сега ми е преубава Сега се мислам дали да ја купам и маската за коса од истата линија на Глис Презадоволна сум од шампонот! Чиста 10-ка
Го користам овој шампон на Шаума, и за оштетена коса е навистина предобар.Има убав мирис, нешто сличен на црниот на Глис, ја омекнува и ја негува баш убаво. Не го препорачувам за оние со нормална, зошто ќе им се мрси побрзо. Спојлер И девојки, размислете убаво пред да ја сместите вашата коса во категоријата „оштетена“. Ако имате расцветани врвови, тоа не значи дека е оштетена, туку само и дошло времето да потскратување. Оштетена може да биде од многу фарбање, пеглање, и целата да е крута на допир, да штрчи, ама ако само долниот дел ви е крут, тоа може да е само од тоа што се расцветани врвовите. Не купувајте тешки шампони, со масла, со чуда, а косата да ви е нормална, зошто самите ќе го нарушите балансот на косата и може да добиете првут, косата да се мрси повеќе, а во најлош случај па, мрсен првут да добиете.
Јас користам Palmolive шампон го има за сите типови коса со првут,мрсна,нормална.... и Cenera регенератор - ги препорачувам
јас го користам црниот шампон и не планирам да го сменам најдобар ми е за косата а маската не сум ја пробала неможам да ти кажам дали ти е добра ама мислам дека убава ќе ти биде зошто колекцијата е наменета баш за фарбани коси оштетени изнемоштени
ELSEVE L'OREAL NUMBER ONE ,најубави шампони им нема рамни, од кога ги користам косава ми е како свила...