Јас користам Фруктис Strenght&Shine (за нормална коса е а јас не сум баш сигурна кој тип коса имам(мислам дека е најсличен со Lenght&Strenght од овие) ми беше слаба, кршлива и сува и др шампони пробував (Елсеве) и за 2дена беше мрсна. Сега изгледа Здраво и Сјајно и лелеаво дури и скалпот не се мрси толку (очигледно тешки шампони не ми одговараат) , го имав користено и трипл нутришн иако не ми беше оштетена се познаваше така свиленкаст сјај, шо знам шо др да кажам.. ______________________________________________________________________________________________ АЈ И ЈАС ДА СИ ПРАШАМ ГО ИМА ЛИ ОВА ВО СКОПЈЕ? Спојлер
тој трипл нутришн што го кажуваш од која марка е и ако може слика и за што е наменет за кој тип коса и резултати од твоето користење ако може ????? извини за прашањава
Овој ми е откритие на годината. Јас мака мачам со косава и ова е еден и единствен шампон кој што се има покажано уште од првото миење. Го препорачувам топло на сите, јас овој што го користам е за нормална до оштетена кога, најдете го вашиот соодветен тип и ич да не му ја мислите, 500мл е + во Тинекс е на попуст 180-190 ден. така нешто. Рекламации после кај мене
Го користам шампонот од кокос од Афродита (120 и некој денар) со регенератор гарниер од ванила и папаја (беше 99денари кога го купив). Премногу сум задоволна, посебно од регенераторот.
Исто Гарниер Фруктис за оштетена и/или сува коса, пред некои 3год го користев и мајка ми така искоментира како добила сјај мојата проблематична коса. еве слика Спојлер
Почнав да го корисам овоj што е за обновување на косата,па мислење од некоја што го користела дали има некој ефект???? Инаку многу ми е изретчена и слаба косата
Јас го користев,ама многу лош ми беше. Косата како немиена, зависи значи не е кај секого исто ама мене оние "марките" на шампони воопшто не ми одговараат.
Девојки, ај кажете некој шампон и регенератор што нема да ствараат брунки во главата Искрено, јас го користам Wash&Go, ама ич не сум задоволна од него. За волумен, дава ама што ствара струпки и брунки во главата ..
Maroon5 се зависи од тоа каква ти е кожата и косата. Пример, косата мене не ми поднесува маски. За разлика од тоа, регенератор нема кој не ми одговара. За почеток земи детски шампон за да ти ја смири кожата. Тие се понежни и ќе немаш проблем. Но бидејќи детските шампони ја заплеткуваат косата, ќе ти треба регенератор. За почеток можеш да земеш од овој: (иако во последно време не знам дали е променета формулата па не ми одговараше но за почеток е добар). Или од овој од КАМ Потоа можеш да поминеш кон некои појаки шампони.
јас купувам шампони за коса од авон и сум задоволна ама незнам како се викаше шампонот а сега бидејќи го нема веќе го користам еден он нивеа
Ги користам шампонот,регенераторот и маската од оваа колекција и сега за сега сум задоволна.Не се преагресивни,не ми ја плеткаат косата,ми одговараат.
зависи за кого како ,мојата коса не ми ги примаше тие шампони ми беше крута на допир уште фалеше само да зачкрипеше
Имам многу проблеми со косата, премногу ми паѓа и ми цвета. Во последно време малку ја опоравувам благодарение на овие два производи од Нивеа.
Досега користев само шампони за фарбана коса,најчесто Орзен или од Авон....сакам да сменам,да земам за волумен,па ако може некоја феминка да ми каже кој шампон дава волумен навистина Фалаа однапред