Mожеш да пробаш од орзен,тој за нормална коса,и маска за оштетена коса,дава сјај,се расчешлува добро и супер е,барем мене добро ми влијае.И еве,7-8 месеци,не сум ја шишала и немам оштетени врвови воопшто.Супер се и маската и шампонот,можеш и на schauma да земеш,оној за нормална коса со Q10,мислам добар е.
Претходно го користев шаума со Арганово масло а сега ги користам овие од Авон, со мароканско арганово масло и убави ми се многу
Земав пред некој ден Гарниер жолт со шеа путер за сува и оштетена коса два пати до сега ја миев со него и добар е,ама следни дефинитиво се Орзене Фала kikkki
јас шампонот од Глис црниот не го мењавам за жива глава од него ми сјае косата мислев дека е од плавата боја дека светла и многу имаше сјај како лампион на сонце ,и јас си се чудев и сеа кога сум црнокоса истиот сјај го имам
Jas uste ovoj Gliss ne go imam probano naredno kupuvanje sampon hihiihi ke vidime na mojava cudo od kosa
Женски, ако може препорачајте ми шампон и регенератор за фарбана коса, да не се само Лореал. Некои што ви оставиле впечаток фала однапред
Нивеа дефинитивно.Деновиве за првпат почнав да ги употребувам тие за сјај и се прекрасни.Едноставно се одлични.Мислев дека орзен се бр 1,ама одкако почнав со нивеа,се вљубив,буквално.
Како човек со многу мрсна коса користам релативно „ лесни“ шампони кои не се како млеко туку проѕирни сега имам коприва на алкалоид и е подобро за нијанса наместо секој ден мијам 3 пати неделно , користев афродита коприва + арника мислам беше ( за арниката сум сигурна) ама додека го истрошив косата се засити . Ќе видиме со алкалоидов како ќе биде се имам измиено само 3 пати значи една недела . Сакав да прашам за регенератор го има ли некој користено паковањето на алверде од дм маркет го купив и ставив еднаш иако на него не стои зборот регенератор по ставањето токму на тоа ми изгледаше не ставив многу ама додека ја измијам леле може пол саат плкнев и некако косата ми е иста а вика дава сјај искуства ?
Јас го меркав во Космо Тинекс, околу 220ден мислам дека беше, не е скап. Чекам и јас некое мислење. A некој да не го има пробано овој нов што е на Шварцкоп со арганово масло (неможев да најдам слика на нет за да постирам) црно-лила амбалажа е. ?!?!?
Јас дојдов да напишам кратка критика за култниот ретро-шампон на Илирија. Мене не ми делува како што мислев, иако потајно се надевав дека многу ќе ми се погоди, за мојата мрсна и тенка коса. Баш се изнервирав да ви кажам право. Убаво ја чисти косата, ама барем кај мене - многу брзо се мрси. Едно плувче - што остава мирис подолго отколку другите шампони. Не знам дали поттикнува раст на косата, ќе видам, ама со мака го дотрошувам, едноставно - не е за мене овој шампон. Штета.
Јас видов во ДМ мислам беа 212 а со купоните за попуст веројатно околу 180 ке излезе 600 мл ефтино е,инаку имаше за фарбана коса и др незз за каква беа уште 3-4 сигурно,а мислам дека и регенератор имаше.Ако го купиш пиши Заборавив Германски се
^ Јас пак вчера се утепав од барање на овој во ДМ,кај Беко ама имаше само лакови и пени за коса.Мислев го нема,како не ми текна да прашам продавачка!И пак земав Сајос и еден од Балеа,а баш сакав ваков да пробам
Јас гледав во ГТЦ одма после фарбите се,го употребував долго време Сајос за фарбана коса и незнам дали веќе се презасити косата не ми се допаѓа а еднаш земав од тој проѕирниот без силикон или незз што природна катастрофа е за мојава коса
Имам проблеми со косава и никогаш не користам обични шампони, само некои медицински или против опаѓање. Моментално го имам овој , ми го препорачаа од каде што одам на третмани за косата, природен е , на база на алги и нема никакви додатоци кои се штетни за косата. Е сега нема некој убав мирис, ама тоа е , ќе си трпам