јас го користам тој на шварцкоп и регенераторот и шампонот и да,супер се,ми одговараат на косата,не ми се мрси толку често,малце ми е побујна од порано а можно е и од него да ми е потпорасната,единствено што ме нервира е и покрај тоа што користам и регенератор тешко се чешла,се утепувам додека да си ја исчешлам
Shvarckoft тотal repair што го рекламира Jeniffer Lopez паковката е црно со розево,го земам од космо тинекс 178 ден шампон иста цена и регенераторот има неможам да ставам слика на работа сум
Head and shoulders го користам одсекогаш и косата баш ја прави убава а и плус јас не фајќам првут од тој шампон. Малку е поскап од другите ама вереди. Инаку регенератори не користам, косата ми ја прават многу мрсна и безживотна... контра дејство кај мене имаат.
Женски го имате ли пробано шампонот на Глис но за фарбана коса? Добар ли е? Јас моментално го користам црниот шампон на Глисс и сум презадоволна , не ми е мрсна косата како што беше претходно , па сега ми е при крај шампонов и се мислам дали да го пробам овој за фарбана коса
Имам едно прашање до феминките : дали имате користено шампон (2 во 1) и балсам (за без измивање) од Авон (Advance Technique) - двата се зелени, за нормална коса? Какви се, дали се ок? Се најдобро!
Јас и по 30 години,зборувам откако почнав да разликувам шампони не можам да најдам шампон во кој ќе се колнам.Кога бев тинејџерка ми годеше КИС МИ од јаболко ,ама тоа беше во времето по Тито. Сега мака мачам,или премногу ми ја сушат,или ми го зголемуваат првутот. Мака бе.
Право да ви кажам, не верувам ниту на Авон ниту на тие скапите марки. Јас подобро нешто од тој Milla регенератор и балсам немам користено. Косата ми останува мека и нежна со денови. И плус посјајна е, не ми се мрси, а против првут не знам како дејствува пошто ставам шампон против првут, кој е исто многу добар, имам пишувано во темата за првут. Јас го добив на поклон, не знам како е цената ама верувам дека не е скап. Сигурно го има по маркетите, големо бело шишенце со зелени букви.
Не знам дали е до мојата коса или до што. Мене Wash & Go, не ми ја мие косата воопшто. Ми останува целосно мрсна. Сестра ми само ме зафркаваше дека не знам да мијам коса. Пола шампон го трошев, триев ко будала. Џабе. Оти мојот се потроши, и ај викам ќе си продолжам со Wash & Go, и така моите се мијат глава со тој... да не купувам друг. Ама не можам. Морав да си го купам мојот. И сега ми е најнормална косата. Изгледа само на мене не ми прија Wash & Go. Чим сестра ми не се жали... А порано Wash & Go и многу корки ми правеше на главата. После тоа прекинав, си ја миев со Dove мислам, и ми се нормализира. После преминав на Garnier. И баш пред една недела се вратив на Wash & Go. И зажалив.
jas go koristam na schwarzkopf GlSS zoltiot i sum mnogu zadovolna nemam prvut i ne mi se masi brzoo kosata
Презадоволна! После толку позитивни коментари морав да го купам. Косата ми е скротена и мека, сјае полесно се обликува и дефинитивно приметувам разлика во врвовите. Плус не ми ја мрси косата, а не ми прави ни првут ниту други било какви лоши реакции. Засега го користам со маската од Алверде, ама гледам дека ќе ги пробам и останатите производи од линијава со кератин.
јас, и сеуште го користам постојано, ја омекнува косата и дава преубав сјај и ја регенерира. Најдобар е, без да се двоумиш да почнеш да си го користиш
Може ли да ми препорачате регенератор со мирис на кокос? Само, да не биде од Авон или Орифлејм, зашто не сум во можност да нарачам. Имам еден од Орифлејм кој мајка ми ми го докрајчила, а оставаше прекрасен интензивен мирис и веќе го нема во каталогот, па сакам да пробам со некој друг кој патем ќе ми биде подостапен за купување било кога. Да биде со мирис на кокос, тоа е битно.