Шампон користам Бекутан засега,а регенератор жолтиот од Елсев,предобар е ја прави косата како свила,многу го сакам бидејќи пред тоа ми беше многу сува косата ,сега ми е кеиф да си ја гледам самата
Од денес натаму омилени ми се шампонот Orzene за нормална коса и регенераторот за сува и оштетена коса
Многу често менувам шампони,ретко се погодува нешто за мојата зејтин коса.Овоа чудо го користам моментално,ама без никакви промени..3 дена и оп пак мрсна.
Бидејќи по тренинзите сум испотена обавезно ја мијам косава, значи вкупно 3 пати во недела За да не ми се оштетува скалпот два дена ја мијам со бебешки, Џонсон енд Џонсон, а третиот пат со Хед едн шолдерс :geek: По секое миење ставам регенератор Лореал, ми ја прави косата мека и права , а ако не го користам косата ми е ко на бувче
http://www.lnt.ma/wp-content/uploads/20 ... s-hair.jpg Е овие ги користам, премногу се деотворни, особено за мојата изгорена и сува коса
Денес го купив шампонов, па му додадов и цимет, па ќе видиме каков ќе испадне. Углавном сум задоволна со производите на Garnier
Баш ми одговара на типот на косата.Инаку користев Нивеа,ама не бев задоволна-следниот ден косата е мрсна.
Последен што го купив беше овој: Заедно со регенераторот беа за 180 денари, не дека очекував чудо и незнам каков волумен, ама па да нема никаков ефект ич не очекував. Нема врска, ок е шампонот за често миење на косата, само што мене не ми дава волумен, пријатен мирис ... тоа. Во принцип секогаш купувам различен шампон и сите ми биле ок, немало некои големи утки, шампон ко шампон... ама најзадоволна сум од Диплона, конкретно овој repair: За сува и оштетена коса е одличен, плус има супер цена околу 200 денари е, 600мл. На Лавера исто така ги имам користено, добри се, но цената им е навистина висока за шампон од 250мл, 500 денари, па и Доплоната ми е поубава исто и Лоералот за сува и оштетена коса. Лаверата изгледа дека на природна база па премногу ми ја чисти косава и после ми е како разлетана и наелектризирана, па ми делува уште по суво.
Jaс дојдов да го кудам оној на Афродита со коприва, го испробав пред извесно време, па да кажам два-три збора. Имам поделено мислење, но повеќе сум незадоволна отколку она другото. Косата ми издржа 3 дена без мака, но ми направи премногу првут уште при првото користење. Сигурна сум дека е од него, зашто нит ставив регенератор, нит маска, ниту пак мешав со други шампони како што имам обичај да правам. Не остава некој неверојатно интензивен мирис по миењето, но е океј. Не знам зошто ми направи првут, не е агресивен шампон воопшто.
до пред 4 години користев само афродита од коприва и косата гајле си немаше здрава убава и не се мрсеше арно ама и јас гледај ова она на тв и сменив шампон и од тогач до денес косата се мрси и пајга и заникаде е да не речам пробав со афродита пак од коприва ама јок неиде како што беше.. сега го земав овој па ке го потрочам цел и ако биде добар ке користам ваков ако не пак ке бараме чаре
Да, и јас сакав да прашам за тој горе на Лореал? Инаку користев Шаума, па еден на Гарние, и последниот ми беше од Авон. Океј се но мене не ми е проблем за волуменот, затоа што имам секако, туку тоа што ми се разлетува косата, се крши, и никаква ми е во последно време, пошто ми е средна должина. Се мислам за регенераторот на Advanced Techniques од Авон? Тој со зелено, за мазна и свиленкава коса? Било што, само да ја оправам никаквата коса.
Ви ги препорачувам шампоните од хемел, јас сум многу задоволна од тој за сува коса што е мене повеќе не ми е сува како што беше, а имаат и различни видови за секакви коси