Јас не сум задоволна. Само амбалажата и внатре шампонот со светки е привлечен . Косата ми беше сплескана, воопшто не ми се допаѓаше.
Ако мислиш на овој . Го користев поодамна но многу бев задоволна, косата е мека и свиленкаста, а мирисот . Одличен е во комбинација со шампонот.
Оваа недела само шампони купувам. Досега не го пронајдов вистинскиот. Ниту Лореал ми се погоди ниту Балеа за виткана коса што е , а да не ги спомнувам претходните, косата ми е како шумичка
Нема шампон воедно и регенератор што на мојта фарбана коса ( често ја менувам бојата на косата, сакам драстични промени ) и го врати сјајот и природниот изглед, го има во поголемите маркети, јас лично го купувам од Веро..го користам еве веќе 2 цели години, и не би го сменала за ниту еден друг.
После долго експрериментирање со шампони, го купив оној плавион против првут што е на Palmolive.Нема да го мењам во иднина, се надевам.Регенератор не користам, некогаш можеби од фарбите мама што ги купува нели има пакетче мало па тоа го ставам.Маска за коса користам на Gaia, со овес, добра е
Моментално го користам од шварцкопф онај Глис што е жолтиот,за поубаво расчешлување и премногу сум задоволна од него.Паралелно со него го користам спрејот исто од таа фирма,жолтиот и косата е преубава,многу убаво мириса и чешелот слободно си поминува низ неа,помалку паѓа кога се чешлам.
Diplona Professional за долга коса! Најдоброто нешто што ми се случило во мојот живот. Има шеа путер, ја прави косата многу мека и права!
Каде ги има овие овие? И која им е цената? Инаку долго време ги користам шампонот и регенераторот на Шаума после долга потрага по совршен шампон овие ми се така најприлагодни, и затоа избегнувам често да менувам шампон бидејќи одма при промена ми се појавува чешање во скалпот.
Полош шампон од Бекутан немам видено, повеке на мојата коса не!! Инаку моментално си користам од Афродита со лук за против опаѓање
И јас сум презадоволна од Диплома регенераторот, го купив во ДМ за некоја смешна цена, чисто од радозналост, а ми траеше пола година.
Во Тинекс во Куманово има акција за Orzene шампонот за сува и оштетена коса на кој инаку цената му е 163 ден, со него оди и гратис регенератор за истиот тип на коса, за 163ден. Подобро, амин!
Некој коментар за Сајос шампоните? Се мисла меѓу тој Repair за сува и оштетена коса или новиот на Лоерал, Extreme repair.