Јас ич не ги фалам шампоните на Сајос, ич. Пошто јас и ти имаме иста кожа и коса, нормално, од суво до најсуво , не ти препорачувам на Сајос да го земиш. Мене воопшто не ме воодушеви. Потрошив едно паковање цело да, ама за џабе, без маска, косата ми беше разлетана и груба, не опоравува, не омекнува, не заштитува, ништо ништо. А новиот на Лореал и јас го гледав, и во план ми е да си го купам за некој ден кога ќе дојдам во Скопје. Моја другарка го користи, и е презадоволна од него, а и од маската.
Која е намената на регенераторот? Јас се си мислам дека неговата улога е за отплеткување на косата? Но ако не е затоа за што е и како ја отплеткувате вашата коса? Мојата се заплеткува многу и после шампонот обавезно савам регенератор за да ми ја отплетка косата
iloveugirl за помазна коса, за да се чешла полесно, да не е разлетана. Се става од ушите надоле, бидејќи во спротивно ќе ја сплеска и многу лесно ќе се измрси.
Те поддржувам, и јас го зедов пред некое време бекутанот и веднаш заврши во ѓубре од Афродита е добар од коприва, од лук и од ванила и мед ја прави како свила косата
Сајос не сум пробала, а Лореалот ти го препорачувам - одличен е + маската - презадоволна сум. Супер се за мојата сува и оштетена коса.
Јас ги земам од Космо за смешна цена, од 200 до 220 им се движи цената, а 600 мл. Ем џабе, ем косата ја прави преубава! Ги обожавам!!! Сите им се добри, мене овие најмногу ми одговараат бидејки имам долга и оштетена коса. Добри им се и за обновување на косата, а и за фарбана.
Значи стварно понекогаш ќе лупнеме куп пари и ефект нула. На акција во ДМ го зедов на намаление 259ден беше , инаку шампонов е 250мл на што посебно се изнервирав, имам права коса, значи само со чешел и ретко фен , а овој ми ја прави како буф косата Тотална утка Донт лајк
Total repair 5 ти е за сува и оштетена коса, а вториот Argenine resist ти е за зајакнување на влакната на косата, нешто како против опаѓање. Фала на одговорите девојки, дефинитивно ќе го земам Лореалот па ќе ви пишам впечатоци.
Не ја мрси, ја омекнува многу и ја прави права! Овој за долга и права коса што јас го користам има шеа путер и протеини во него. Се заљубив! Во потрага сум нон стоп за перфектен шампон кој ке и одговара на мојата коса и конечно го најдов!
Уште ова и толку .. немам догла коса ама затоа ми е оштетена , па кој од овие да го земам? Гледам највеќе го фалите овој за права и долга.. има врска што немам долга коса?
Шампон користам од Лореал Елсев или од Глис. Сајос го пробав ама полошо ми делува на косата одколку оние шампони од коприва. Затоа може секогаш му се намалени.
Женски, некој добар шампон за нормална коса? Има некој што ја истакнува природната боја на коса? Оние на Орзен на такви ми личат, ама не знам дали има за нормална коса.
Има за нормална коса и добар е,ама не е нешто вау, мене за истакнување на природната боја на косата и за сјај ми беше бав дове во комбинација со глисс спреј, ама ми се презасити косата
Едно прашање...Дали косата ви е како на рекламите за шампони така да е да речам тродимензионална така убав облик да има,откако ќе се исшутирате?
На сликата се дадени шампон и регенератор, значи само еден шампон е. Овој конкретно е за распукани раздвоени врвови, јас баш денес си го купив. Да знаете до недела е на намаление во ДМ по цена од 169 денари. Во составот има пантенол, а она што ми е мене најважно е што мириса преубаво. Само што се измив со него и рано е за резултати, ама косата многу лесно ми се расчешла Има и за обнова на косата еве овој Единствена маана им е тоа пумпицата на сите им е заглавена, јас татко ми го измачив додека да ми ја опраи да профункционира Како и да е, ако се решиш за купување купи го од Дм се исплати за цената дефинитивно
И јас го купив Диплоната од Веро 209 ден. Го купив тој за долга коса со распукани врвови (иако немам) бидејќи најубаво ми мирисаше и имам само пофални зборови. Косата ми беше сјајна и мека а не ставив ни регенератор, дури добив и коплимент од машка особа И се исплаќа грамажата за парите.
Си можела да го земеш за 160 денари во Дм на попуст. Јас се вратив и другиот да го купам, да искористам попуст Мене многу поубаво ми мириса Repair, бидејчи мирисот е појак, поинтензивен. Овој другиот ти што го имаш има понеутрален мирис.