Јас многу совети си прибирам од формчево, па сакав да прашам за шампонот од бреза на илирија.. на мн места го сретнав посочен,ама неможам да го најдам во продажба..барав во зегин,парфимерија на рубин кармин,тинех... каде да го најдам и колку чини и во колкаво шише се продава(мл)? фалаа однапред
Во Рубин кармин во Буњаковец провери, би требало да има, другарка ми со години го користеше и од таму купуваше...
Во моментов го користам шампонот Orzene Beer и воопшто не сум задоволна од него. Можеби не е од шампонот, до типот на косата е, зашто баш тетка ми и братучетка ми ми го препорачаа и беа многу задоволни од него, ама тие имаат сосем различна коса од мојата. Мене дури првиот ден ми се мрси косата од него, што и не е баш случај за мене, и некако како косата да ми има потемнето или можеби само јас си замислувам. А инаку веќе подолго време го користам L'oreal Elseve, оној белиот со зелено капаче. Убаво мириса и ми ја прави косата нежна и свиленкаста. А и гледам дека многу феминки се задоволни од него. Знам дека треба да се менува шампонот што го користиш од време на време, но некако тешко ми е да најдам шампон што ќе ми одговара на косата. Порано со мајка ми користевме Schauma и навистина беше добар, но потоа престанавме да го користиме зашто не и се допаѓаше на мајка ми, незнам зашто. Јас веќе неможам да го користам овој Orzene Beer, па најверојатно ќе си го купам оној од Nivea, Angel Star розевиот, многу убаво мириса и така за тинејџери е. А за регенератор незнам, зашто и не користам.
јас ги испробав буквално сите шампони, нивеа, лореал орзене итн, и конечно го најдов вистинскиот- шампонот и регенератор 2 во 1 на орифлеим и сум презадоволна. Косата ми е мека многу лесно се чешла немам ни првут повеќе ниту пак ми се мрси. ги имам испробано скоро сите шампони на орифлеим и сум задоволна од сите.
Задоволна сум од L’Oreal ELVIVE Total Repair 5 ги користам и шампонот и регенераторот и маската, косата ми е мека и не ми масти секој ден како што ми се мастела од други шампони
^Јас ги имам користено шампоните на Пантен и задоволна сум, ама нели кај секого е различно. А тоа за тенка и сува коса, или пак за волумен, или за не знам што, да ти кажам јас не чувствувам никаква разлика
Од овие регенератори сум најзадоволна. Имам мнооогу сува и разлетана коса и ако не и ставам регенератор не ќе можам од дома да излезам. Од шампоните на Лореал не сум задоволна, ама регенераториве се чиста 10ка.
го купив ова и ќе видам што чудо е! вака од прв пат не е лошо,таман ми е косата не е мрсна, а сепак мазна.
Женски,да ве прашам го има некоја од вас користено овој шампон ? Каков е ? Мислам знам дека е Летна нега,ама јас уште од сега си размислувам за летово .
Јас моментално ги користам овие два шампони и ги менувам. Задоволна сум и од двата. А иначе го користам овој регенератор. Многу ретко купувам ист шампон и регенератор, и да купам шампонот брзо се троши а регенераторот секогаш останува
кажи ми како си задоволна од регенераторот? инаку прозиводите на глис ми се многу симпатични, најпогодени ми се.
^Па добар е регенераторот, ја прави косата свиленкаста, мазна, лесна за расчешчување, и многу повеќе сакам да го користам отколку маска. Маската ми прави перут. А овој регенератор ми одговара
Јас по долго експеримантирање си го пронајдов шампонот и регенераторот токму овие од ORZENE за фарбана коса... колку прекрасно мириса косата , и убава е,, јас имам природно виткана коса, Орзене ми прави да имам не убави локни туку локни и пол скоро две, а кога ја исправам сјае ( треба да ме земат за реклама) ... настрана шегата убав е шампонот но ќе морам да го сменам еден период зш ми се засити косата ... ...„многу арно не е на арно“
Јас ги користам шампонот и регенераторот и прекрасни се! Косата ми беше сува и без сјај а сега блеска од далеку