Задоволна и од двете. А за тој шампонот Диплона, се согласувам, многу е убав иако на почетокот бев скептична, поради скромната цена за толкаво пакување.
Немам Дм во градов инаку одма искористувам попуст, најблиску ми беше во веро јас ги помирисав сите и се двоумев меѓу Repair и Nutrition па бидејќи не ми е оштетена се одлучив за овој со долга, следен пат ќе се проба и другиот
Од мое досегашно искуство според мене регенераторот служи да ја омекне косата и да овозможи полесно да се расчешлува, а маските се малку појаки, улогата им е да ја хранат косата, да ја подобрат структурата на влакното, да ја одржат виталноста. Ако косата ја миеш секој ден и регенераторот може секојдневно да се користи, а маската би ја препорачала 2-3 неделно да се нанесува на косата. До некаде разликата е како маски за лице и пилинзи во споредба на гелови за миење лице. Едните подлабински и појако делуваат од другите, па и малце поретко се користат.
За секојдневно миење на косата ви го препорачувам шампонот на Yves Rocher за сјај на косата. Нежен шампон,погоден за секојдневна употреба,не ја тутка и уплеткува косата,мирис на цитрус.Јас го користев летен период кога ја миев косата скоро секој ден. Одличен шампон,јас сум презадоволна (250 ден./300мл) Моментално користам шампон на Афродита од коприва,збогатен со Б витамини и пантенол. Регенератор моментално користам на Балеа (professional)задоволна сум,косата лесно се рашчешлува,добива сјај,убаво се фенира и убаво мириса.
Го гледав шампонов во Тинекс е 85 денари, за 1000мл. Се замислив да го купам, знам дека имам читано форумџики што го купиле па сакав прво да чујам збор-два, од тие што подолго го користат како се покажал. Па ако некој го користи нека ми пише како е задоволен, да знам дали да го пробам или да барам друга алтернатива.
Денес бев да го купам Diplona Nutrition, но го немаше и го земав Repair. Читав позитивни коментари за првиот дека ја исправува косата и е убав, дали некој го користи Repair-от и дали ефектот е ист? Се надевам дека нема да се каам што не почекав да го донесат
Последно го земав овој. Мирисот е прекрасен, свеж многу ми се допаѓа што е многу густ внатре. Наменет е за мрсна/нормална коса, мојата коса се мрси на 4-5 дена а овој ми ја измрси за 2 и ми направи првут . Втор пат кога се измив се покажа подобро, не ми ја измрси само малку првут ми направи.
^^ овој шампон колку што знам е за коса склона кон мастење, тебе ако ти се мрси на 4-5 дена незнам зашто си го купила. косата ти е нормална. овој треба да го користат оние кои им се мрси косата на ден-два, нормално дека ти направил првут ти го пресушил темето.
Девојки препорачајте ми некој шампон за волумен, не очекувам пуш ап ефект, ама колку толку, бар да не ми е сплесната во корен косата. Оној ден гледав во тинекс, но незнаев за кој да се одлучам...
Шампонот го користам јас веќе месец ипол,мене ми е преубав.Косата помалку ми паѓа,нежна ми е,мека,сјајна и имам убав волумен.Добив сјај на косата од него како од ниеден шампон и бојата на косата ми е посвежа.Пробај го
Се извинувам за едно по друго мислење. Го имам користено Нивеа за волумен и искрено многу ми беше убав,потоа го сменив со Гарниер од калинка и квасец зошто сакав да го пробам и тој е преубав,презадоволна сум и од двата.
Користам шампон и регенератор од Балеа за кафена коса, и сум презадоволна, никогаш порано косата не ми била така убава . Толку ми е сјајна и мека што самата неможам да си поверувам ( по што имам кадрава коса па ... и тврдо влакно , ретко да ми биде мека и сјајна косата ) .
Ќе може ли некој да ми препорача регенератор за коса за полесно расчешлување. Откако ја нијансирав со бланш мака мачам со расчешлувањето, исклучиво со многу широк чешел ја расчешлувам после миење. Го користам регенераторот на Шварцкопф со мароканско масло во кафено пакување и малку помага ама тоа не е тоа. Фала
И јас сум задоволна од шампонов, го користам веќе неколку месеци и немам потреба да го сменам. Јас имам сува коса и со други шампони задолжително морав да користам маски и регенератори но со овој немам потреба. Убаво ја чисти косата, не ја суши и и дава сјај. Голем плус што на природен база и не е полн со силикони и остали хемии. Поприлично многу ми го намали опаѓањето, и сега ми опаѓа но се надевам дека ова е во нормални рамки за разлика од претходно. Го препорачувам да го пробате, па и да не ви одговара нема многу да изгубите. Додека тој од ванила и мед исто од Афродита не ми одговара ни за коса, ни за тело. Ко превише агресивен да е и многу ја суши и косата и кожата, башка што мене некако пресладуњаво ми мириса. Го земав да го пробам и сега незнам што да му правам на толкава флаша.
Најдобар ефект ќе има регенератор кој не е измива, односно, спреј за коса. Било кој од спрејовите на Gliss би ти завршил работа бидејќи сите помагаат при расчешлување. Одбери си некој за обнова на косата со оглед на тоа што ти е бланширана. Регенератор кој би ти помогнал за расчешлување кои може да се користи во комбинација со спрејот e овој на Balea Извести ако има резултати