Јас го користам шампонот на Loreal Total Repair 5 и навистина е добар,барем за мојава коса.Оправдана е петката затоа што добивате се во едно пакување-сјај,мекост,регенерација,виталност и хидратантност.Иако редовно ја бојадисувам косата, не користам регенератор.Многу се подобри балсам-кесичките што се користат после бојадисување.Ова е шампонот Слика fajlovi/image/138860
Самп што зедов еден на Виталин, Bier Shampoo се вика. Отидов по енерџи дринк а се вратив со ова го загледав сосем случајно и ептен ми фати око. Имам слушано дека шампоните што се со баа на пиво се супер за сува коса, а мојата е баш таква, сува до немај каде а не е оштетена. Се надевам добар ќе биде, ќе ви пишам впечатоци.
Јас ги користам Cien шампоните и порано користев Balsammo регенератор или како и да беше.Но,многу ми јa мрсеше косата и веќе не користам регенератор.
Кожата на темето ми е пречувствителна сум користела секакви шампони од Subrina, Syoss, Shauma, Wash&Go итн,ама премноу ме чешаше главата после миење од сите и сега си користам ваков од Hera од коприва на природна база, нема ни ч од чешање..
Го пробав регенераторов и малку подобро се расчешлуваше. Па, го зедов и шампонот и двете во комбинација така ми ја стестија косава . А, би требало да се употребуваат заедно. Сега најдов друг регенератор, пишува за расчешлување и ја прави косата многу мазна. Досега за мојава мака ова ми се виде најдобро
Lemon, до сега од оние шампони и регенератори кои сум ги користела заедно и се од ист вид - ниту еден не ми се погодил, а поединечно биле полн погодок (еден шампон, различен регенератор). Пронајди си нешто што и одговара на косата. Затоа и ти го препорачав само регенераторот, а не и шампонот. =) Како што напиша, си имала добри резултати се додека не си почнала да го употребуваш и шампонот од ист вид.
И шампоните што се на сликиве се добри ама за регенаторите немам зборови, нели секој шампон ко шампон кој и да е добро ја мија косата,но регенераторот игра по голема улога,овој на Loreal е незаменлив косата ја прави како свила,на второ место ми е овој Moroccan Argan Oil Conditioner,а пак тоа што убаво мирисаат им е само дополнителна причина да ги сакам уште повеќе
И мојава коса уште како ли шампон нема да види. Последно време го користам шампонов со регенераторот, и задоволна сум. Косата ми е мека, полесно се расчешлува и мириса се до наредното миење. Претходно го користев за фарбана коса, и исто задоволна сум. Само мирисот некако тешко му мирисашеи затоа го сменив.
Еве ви комплетен одговор на прашањето: ,,Зошто не можам да најдам идеален шампон/регенератор за мојата коса?'' 1. Добиваш перут: Одиш и купуваш шампон против перут. 2. Откако ќе го потрошиш, сфаќаш дека минатиот шампон можеби помогнал против перутот, меѓутоа придонел да ти се исушат врвовите. 3. Купуваш шампон за оштетена коса со суви врвови. 4. И покрај тоа што мислеше дека го најде идеалниот шампон, тоа беше само погрешна проценка. 5. Се пеглаш, мислејќи дека вака ќе блеска подобро. 6. Купуваш нов шампон, за мрсна коса, бидејќи минатиот даде спротивен ефект па сега се молиш за истото. 7. После првото миење сфаќаш дека не постои универзална формула за совршена коса... 8. Гледаш реклами на телевизија и се запрепастуваш од сјајната и совршена коса на девојките кои позираат, и се прашуваш зошто и ти ја немаш оваа среќа. 9. Овојпат одиш во аптека и од инат го купуваш најскапиот препарат (регенератор/маска/силиконски капки за конечно да го добиеш посакуваниот ефект. 10. Некако успеваш да се помириш со фактот дека живееш во Македонија и овде е тешко да се набават производи од палетата на Wella, Kenn, Vichi и слично бидејќи или се премногу скапи и неисплатливи или пак воопшто ги нема. 11. Фино одиш и повторно си купуваш шампон против перут...
јас почнав пред еден месец да го користам и шампонот и регенераторот na Orzene и баш сум задоволна...убава ми е косата со нив и сјајна и мека...сега за сега е ок понатака незнам моја препорака е за најквалитет шампон за коса е Loreal- ELSEVE argenine resist eee е најдоброто што сум го коистела јас...ептен добар е и ми растеше косата побрзо од него.
Moите омилени шампони, сите се прекрасни разликата е само во мирисот . Косата после миење е мека, сјајна и миризлива
Го пробав конечно тој на Афродита со лук, па првичните впечатоци се добри, за таа цена е во ред. Убаво го чисти скалпот и мирисот му е пријатен. Се пени лесно, не ми се мрси косата брзо, иако мене и онака не ми е склона кон мрсење првите 2-3 дена после миење, после веќе нормално не ни ја држам подолго немиена. Се радувам што го фатив на попуст за само 60ден на отварањето на ДМ во Капитол, ама сепак не знам дали по регуларна цена пак би го купила, не верувам дека да, зашто не ме воодушеви нешто посебно, ама ќе му дадам уште неколку шанси пред да кажам конечен заклучок. Мислам дека следниот шампон ќе го барам во продавниците на Yves Rocher, само да одберам кој точно.
шампонот е 3 in 1-шампон, регенретор и третман за коса -ова е шампон за зајакнување на косата и спреување на нејзин пад....ке ти одговара на косата сигурно, пробај мислам дека ке бидеш задоволна....уште при првото миење на косата јас забелешав разлика, одма косата ми стаана посјајна, побујна, свиленкаста, мека на допир, прекрасно мириса и косата побрзо ми растеше....мене многу ми се погоди и многу сум задоволна од него....мене ми се беше ок а за вас незнам, зависи каква ви е косата и влакното.... Naturally за Johansons baby shampoo морам да ти реплицирам---јас еднаш купив вакво чудо и цела коса ми ја исушииииии, мене лично не ми се допаѓа и не би го препрачала никому, текстурата на шампонот му е ужасна и е доста водеста....мене не ми беше ок косата со овој шампон, зависи се од косата и вланото какво е....јас имам долга, виткана ама не премногу и мека коса и целата коса ми ја исуши, неможев да ја чешлам дури ми се заплеткуваше од кај вратот па нагоре...од мене не за овој шампоннн
Дали знаете каде го има шампонов? Го барам веќе подолго време во Скопје, но го нема. Купен ми е онака рандом, не знам ни од каде, но шампонов е предобар. Косава - свила бе Уште да го пронајдам пак
Јас користам благи шампони што не содржат многу хемикалии, најчесто од камилица, бреза или коприва, бидејќи често ја мијам косата, на два дена. Понекогаш, еднаш до два пати максимум во неделата ставам маска за коса од Генера.
Ги имаше до лани во Тинекс на тони, со рекламата од Кристијано Роналдо, ама некако не се пробија баш најверојатно, па престанаа да ги увезуваат. Засега никаде ги немам видено пак.