Може некој да ми препорача шампон/регенератор со ниска pH вредност, минимална количина на алкохол и други хемикалии???
^^ јас користам шампон на Yves Rocher. Oвие шампони, како и нивната козметика, немаат силикони и парабени и се на природна база. Јас ко користам шампонот за волумен и премногу сум задоволна, овој шампон е единствен кој стварно ми дава волумен на косата. Цената му е 165 денари мислам, а толку се и регенераторите. Баш денес купив второ пакување и купив и маска за коса. Маските се малку поскапи 400-500 денари ама со оглед на тоа дека ретко користам, ќе потрае... До сега овој ми е најдобар шампон што го имам користено, а верувај ми имам пробано многу Eве ти слика од мојот, а имаш и други нормално во зависност каква ти е косата и што точно бараш eве ти и линк од нивната страна, може ќе ти фати око нешто. Продавници имаат во ГТЦ и во Сити мол. http://www.yvesrocher.ca/control/hair-care/
јас овој сега го користам, земав второ пакување и сум задоволна, многу убаво мириса плус, густ е и мн пени и лесно се мие
Збор два за Пантен шампоните. Како сте задоволни, видов примамлива понуда по Тинексиве шампон+регенератор+флуид за сува коса 370 денари.
Мимс, мене ми се допаѓаат. Ми мирисаат преубаво, сите Пантен производи го имаат истиот мирис, а јас сум заљубена во него И најважно, убаво ја чистат косата и не ми ја мрсат. Конкретно, долго време го користам шампонот за фарбана коса, а повремено користам и други, ама на овој секогаш се враќам. А, да, и Аква Ефект го имам пробано, и тој е убав. Мајка ми, на пример, не може да ги смисли. Нејзе премногу и' ја сушат косата, едноставно не и' одговараат. Исто, веќе скоро година дена го користам суфлето на Пантен за сува коса (во златна металик амбалажа) и никогаш нема да престанам да го користам. Имам пишувано и во Омилени продукти на месецот, ептен и' дава влажност и живост на косата, а мирисот се задржува на неа. Значи, пак се враќаме на мирисот Шала на страна, јас сум задоволна од Пантен, али сепак, секоја коса е различна
Мимс а слика некаде има од понудава? Баш ме интересира за производиве а и реално ценава е за чудење Или пак можеби грешка направи
Леле неможам слики да ставам нешто зезнат ми е лаптопов, не сум ја згрешила цената сигурна сум дека беше таа и го имаше оној белиот шампон со жолто некое масленце на него moisture... нешто така пишуваше 250мл или 200мл беше + регенератор иста милилитража и + тој флуидот што го спомна Секси Бејби во лименка златна, као пена за коса изгледа ама е некој флуид за сува коса. Во Тинекс на Првомајска го видов денес.
не се мисли воопшто, шампоните и регенераторите на Пантен се многу квалитетни, имам порано користено ама навистина се добри, таман почнав да ги користам еден период и ми ги снема од таму кај што ги купував....сега од пред некое време имат нова линија така да сигурно се добри и квалитетни.
овие шамопни ми се одвратни, косата ја сушат ужасно многу, чкрипе влакното од суво што е убаво мирисаат, но немаат никаков квалитет. (од мое искуство, може за некого се ок)
Не, ѓубре се, сите од таа линија, јас за малку без коса ќе останев пред неколку години, едвај се оправив... Agrona го има во Веро, околу 100 ден е литарското пакување.
Го има во ДМ или во маркет Принц. Околу 100 денари во принц го плаќав,а во ДМ 10-20 денари повеќе може. Ама се исплати за овие шампони.
Ви благодарам девојки. Сакав да го сменам шампонот да пробам нешто друго. Ај ќе го земам овој да го пробам може ќе имам ефект, бидејќи многу ми паѓа косата и сега во текот на бременоста уште толку. И уште ова да ве прашам? А дали како овој шампон има нешто регенератор или маска?
Јас го користам овој шампон и регенератор на Глис ,преубаво мириса шампонот и и дава сјај на косата ,ја прави свиленкаста но не дава волумен , истиот ефект го постигнува регенераторот ,од него не се откажувам , сакам да го сменам шампонот . Некоја препорака за шампон кој стварно дава волумен само да не е Wash&go и Schauma , оти погрди шампони немам пробано Имам тенка и мека долга коса, не знам кој би ми помогнал за поголем волумен
Eве еден предлог од мене, јас сум презадоволна и мене ми се бр.1 шампони....убедливо најдобро за мојата коса.Tи го препорачувам